Зошто пасошите имаат различни бои и кое е нивното значење?
Дали некогаш сте се запрашале зошто некои пасоши имаат црвена боја, а некои пак се во зелена, сина или црна боја? Дали бојата претставува некаков систем на категоризирање на земјите?
Веројатно првата претпоставка ви беше дека бојата на пасошот е одредена според некаков систем на категоризирање на земјите, но тоа не е така.
Всушност, секоја земја може и сама ја одредува бојата на пасошот, но тоа не значи дека боите немаат никакво значење.
Потпретседателот на Passport Index, Хрант Богосијан, вели дека боите се одредени од географската местоположба на земјата, политиката, религиозните сфаќања...
На еден начин, бојата на пасошот го одредува националниот идентитет:
Црвени пасоши
Црвените пасоши се типични за Европската унија, но и за оние земји кои сакаат да станат дел од истата. Швајцарскиот пасош е црвен за да се поклопува со бојата на знамето на оваа земја.
Покрај земјите членки на Европската унија има и други земји кои имаат црвени пасоши, како Боливија, Колумбија, Еквадор, Перу...
Сини пасоши
Сините пасоши се типични за Карибите, но и за земјите кои се познати како „Новиот свет“. Америка започнала да ги употребува сините пасоши за да се совпаѓаат со бојата на знамето, но дури во 1976-та година.
Зелени пасоши
Повеќето исламски земји имаат зелени пасоши заради важноста на бојата од религиозни причини.
Црни пасоши
Црната боја се одбира од практични причини, не се валкаат толку и изгледаат поофицијално. Оваа боја ја имаат некои земји како Боцвана, Нов Зеланд, Индија, Замбија...
Н. Г. | Црнобело