9 романтични места во Италија кои се одличен избор за меден месец
Многу двојки ја избираат Италија како место каде ќе отпатуваат за меден месец и секако воопшто не грешат, магичната атмосфера и романтичните места се сè она што им треба.
Италија е земјата каде љубовта и занесот може да ги почувствувате на секој чекор и токму затоа постојат безброј места кои ќе ги паметите засекогаш.
Ова се дел од нив:
1. Верона
Без сомневање, Верона е еден од најромантичните градови во Италија за сите вљубени. Прескокнете ја гужвата пред куќата на Ромео и Јулија и упатете се кон замокот Сан Пјетро кој ќе ви понуди спектакуларен поглед.
2. Абруцо
Регионот Абруцо е едно од скриените богатства на Италија, со мали живописни села кои изгледаат како заробени години наназад. Место кое мора да го посетите е замокот Рокаскалења, изграден од жителите на Ломбардија врз карпи со поглед кон долината Сангро.
3. Тоскана
Во Тоскана се наоѓа мало селце кое гледа кон прекрасната Вал д’Ортика, една од најпопуларните туристички дестинации. Додека Пиенца и Монтепулчано се главните места обележани за туристичките карти, градот кој сигурно ќе ве маѓепса е Монтикиело кој нуди одлични театарски претстави во текот на летните месеци.
4. Матера
Градот Матера важи за едно од местата кои со својот изглед оддаваат впечаток како да сте некаде далеку од гужвата и бучавата на градските средини. Невообичаените замоци и куќите издлабени во карпи ви даваат чувство како да сте избегале целосно од реалноста.
5. Позитано
Позитано е најпознатото место на брегот на Амалфи, но ако барате помирно место (и со пониски цени) Праиано е совршеното место. Изнајмете чамец од малото пристаниште и истражувајте го фантастичното крајбрежје.
6. Равело
Равело е уште еден град сместен на брегот на Амалфи кој ви нуди извонреден поглед над заливот Салерно. Она што никако не смеете да го пропуштите е познатото „Дуомо“ на Равело, катедрала која потекнува од 11 век.
7. Тоди
Средновековниот град Тоди во Умбрија се наоѓа на врвот од еден од многуте ридови и нуди поглед кон прекрасната долина на реката Тибар. Одлично место од каде ќе можете да ги посетите соседните градови како Перуџа, Сполето и Орвието.
8. Камољи
Колоритното романтично село Камољи сместено на самиот брег нуди поглед на најубавиот италијански залив во регионот Лигурија. Можеби не е познато колку Портофино, но со својата колоритност и шарм сигурно нема да ве остави рамнодушни.
9. Ното
Заштитен како светско богатство од старана на УНЕСКО, овој сицилијански барокен град бил изграден во почетокот на 17 век. Тој е одлично место за прошетки и разгледување на барокната убавина. Место кое никако не треба да го пропуштите е „Палацо Николачи“.
М. С. | Црнобело