8 прекрасни градови за кои не ви треба автомобил да ги разгледате

5. Хелсинки, Финска

Во следниве 10 години значително ќе се зголеми популацијата во Финска, но спротивно на тоа, бројот на возила ќе се намалува. Со новиот проект, автомобилскиот сообраќај ќе биде дозволен само во предградијата, а до центарот ќе се стигнува само со јавен превоз. Многу мобилни апликации беа развиени со цел жителите на Хелсинки полесно да ги најдат местата каде што можат да изнајмуваат велосипеди. Оттука потребата од автомобили во Хелсинки е сè помала.

8-prekrasni-gradovi-koi-se-pomalku-gi-koristat-avtomobilite-kako-prevozno-sredstvo-05


6. Ченгду, Кина

Улиците на ова кинеско предградие првично биле осмислени така што можете пеш да стигнете до која било локација за 15 минути. Само половина од улиците се отворени за автомобилски сообраќај, додека останатата половина е распределена за велосипедски патеки и пешачки зони.

8-prekrasni-gradovi-koi-se-pomalku-gi-koristat-avtomobilite-kako-prevozno-sredstvo-06


7. Богота, Колумбија

Пешачките зони и велосипедските патеки во Богота биле направени во 50-те години од минатиот век. Денес во Богота има повеќе од 300 километри велосипедски патеки. Повеќето од улиците во центарот на градот се пешачки зони, а до таму се стигнува само со јавен превоз.

8-prekrasni-gradovi-koi-se-pomalku-gi-koristat-avtomobilite-kako-prevozno-sredstvo-07


8. Милано, Италија

Градската власт во Милано им дава бесплатни ваучери за јавен превоз на луѓето кои намерно ги оставаат своите автомобили дома. Сите автомобили се регистрирани во специјален систем и кога тие остануваат паркирани на местото на живеење, сопственикот на картичката добива пари за билет во јавниот превоз.

8-prekrasni-gradovi-koi-se-pomalku-gi-koristat-avtomobilite-kako-prevozno-sredstvo-08

М. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
11 популарни клубови и ноќни барови на првиот крак на Халкидики Pearl Club во Калитеа, Achinos Beach Bar во Ханиоти - на Халкидики има бројни кл...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
5 кампови во областа Пиериа, најчесто посетувани од Македонците Во кампот Esperides, многу Македонци имаат приколки кои се поставени таму со год...
Работи што се норма во земјите ширум светот, но се „културен шок“ за странците „За Италијанците, доцнењето е нормално и никогаш не го гледаат како неучтивост“....
5 најбезбедни европски градови (совршени за жени кои патуваат сами) Иако Италија е романтична дестинација, сепак, е одлично место и за сам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg