8 прекрасни градови за кои не ви треба автомобил да ги разгледате

Луѓето возат автомобили повеќе од 100 години и тие се сметаат за главно превозно средство. Но за жал, тоа не е најповолниот начин на движење.

8-prekrasni-gradovi-koi-se-pomalku-gi-koristat-avtomobilite-kako-prevozno-sredstvo-07

На пример, во Лондон многу побрзо ќе стигнете на посакуваната дестинација ако одите со велосипед отколку со автомобил. Секоја земја има градови во кои сообраќајниот метеж е апсолутно неподнослив.

Токму затоа многу градови почнале да создаваат пешачки зони каде што автомобилскиот сообраќај е целосно забранет.

1. Копенхаген, Данска

Копенхаген е градот со најмалку автомобили во Европа. Во `60-те години од минатиот век градските власти почнале да ги шират пешачките зони и да ги стеснуваат булеварите во центарот на градот. Денес Копенхаген има преку 320 километри велосипедски патеки. Исто така во план е да се изградат нови велосипедски автопати кои ќе водат до предградијата.

8-prekrasni-gradovi-koi-se-pomalku-gi-koristat-avtomobilite-kako-prevozno-sredstvo-01


2. Хамбург, Германија

Иако автомобилите не се строго забранети во центарот, градското собрание дава сè од себе граѓаните да можат слободно да пешачат и да се движат со велосипеди или јавен превоз. Започнато е и со изградба на проект познат под името „зелена мрежа“ составен од велосипедски патеки и пешачки зони кои ќе бидат целосно изолирани од патеките за моторни возила и ќе покриваат повеќе од 40% од градот.

8-prekrasni-gradovi-koi-se-pomalku-gi-koristat-avtomobilite-kako-prevozno-sredstvo-02


3. Мадрид, Шпанија

Повеќето од улиците во центарот на Мадрид се пешачки зони и секој кој ќе влезе таму со автомобил мора да плати казна од 100 долари. Единствен исклучок се прави за луѓето кои живеат во тие области. Исто така, оние кои поседуваат автомобили со најголема емисија на штетни гасови плаќаат поскап паркинг. Градското собрание има во план центарот на градот во целост да го забрани за сообраќај и улиците да ги пренамени во пешачки зони во следните 5 години.

8-prekrasni-gradovi-koi-se-pomalku-gi-koristat-avtomobilite-kako-prevozno-sredstvo-03


4. Париз, Франција

Поради значителното зголемување на загадувањето пред две години, градската управа на Париз воведе сообраќајна рестрикција на возење по принципот пар-непар во однос на регистарските таблички. Оваа мерка била успешна и загадувањето се намалило за 30%. Денес во Париз има неколку пешачки зони, и жителите од околните области немаат дозвола да се движат таму со автомобил за време на викендите.

8-prekrasni-gradovi-koi-se-pomalku-gi-koristat-avtomobilite-kako-prevozno-sredstvo-04

Уште 4 градови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
4 европски острови кои вреди да ги посетите според Forbes: Хвар во Хрватска е на прво место Кои 4 европски острови вреди да се посетат според Forbes? Кои од нив се релативн...
Летни авантури низ Македонија, за оние кои сакаат адреналин Летање со параглајдер над Охридското Езеро или paintball во Струмица – не мора д...
Топ 8 најубави плажи на Пелопонез - со ситен песок и кристално чисто море Освен многуте археолошки пронаоѓалишта, историски знаменитости и атракции кои ну...
5 кампови во областа Пиериа, најчесто посетувани од Македонците Во кампот Esperides, многу Македонци имаат приколки кои се поставени таму со год...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg