9 причини зошто треба да отпатувате до Португалија барем еднаш во животот
Португалија, уште позната како атлантскиот штит на Европа, има прекрасни погледи, плажи, фантастични локални виногорја, шармантни села и феноменална храна.
Но, покрај веќе набројаните работи, постојат уште 9 причини зошто треба да ја посетите Пртугалија.
1. Морската пештера Бенагил
Ова е една од најпознатите пештери која се наоѓа близу рибарското гратче Бенагил. Нуди романтична прошетка покрај сликовит пејзаж, кристално чисто море и сино небо. До пештерата можете да дојдете со брод.
2. Азорските острови
Азорските острови или скратено Азори, претставуваат 9 спектакуларни острови чии природни убавини ќе ве остават без здив. Секој остров нуди единствено доживување кое ви го овозможува локалното население.
3. Авеиро
Авеиро е шармантен град кој крие мали тајни на секој чекор. Познат е како „португалската Венеција“, а се состои од мали канали, мостови и шарени куќи.
4. Мадеира
Мадеира претставува егзотично и магично место познато по својата тропска клима и доброто домашно вино. Слободно може да се каже дека претставува рај на планетата.
Уште 5 места на следната страна...