7 работи кои не ги знаевте за Монт Еверест
Поминаа повеќе од 60 години откако сер Едмунд Хилари и Тензинг Норгеј влегоа во историјата како први успешни освојувачи на Монт Еверест. До денес слушнавме безброј приказни за триумфалните и трагичните обиди да се достигне врвот.
Но постојат многу интересни факти за Монт Еверест кои не ги знаевте. Ова се некои од нив:
1. Планински пајаци
Дури и високо на небото, со едвај доволно воздух за дишење сé уште не можеме да се сокриеме од пајаците. Euophrys omnisuperstes, подобро познат како хималајските скокачки пајаци, живеат во дупките и пукнатините на падините на Монт Еверест.
2. Човекот по кој Еверест е именуван всушност никогаш го нема видено врвот на планината
Планината е именувана по Џорџ Еверест, но пензионираниот геодет никогаш не успеал да дојде до врвот на планината.
3. 10% од оние кои се качиле на врвот умреле
Познато е дека еден од десет планинари го губат својот живот на патот назад. Околу 200 тела сé уште се расфрлани низ планината.
4. Качување до врвот не е евтино
Доколку планирате да патувате до Монт Еверест тоа скапо ќе ве чини. Туристичките водичи можат да ве чинат повеќе од 70.000 евра, со дополнително плаќање за кислород од 5.000 евра.
5. 450 милиони стара историја
Иако Хималаите се планини формирани пред 60 милиони години, историја на Еверест е уште постара. Карпите на врвот на планината некогаш биле дел од наталожените слоеви под нивото на морето пред 450 милиони години. Горните формации на Еверест содржат морски фосили на морски суштества и школки кои некогаш живееле во претходниот океан.
6. Постојано расте
Истражувачки тим открил во 1994 година дека Еверест продолжува да расте околу 4 милиметри секоја година.
7. Највалканата планина во светот
Постојат безброј фотографии на планинарите и нивниот пат кон врвот, но ретко можат да се видат фотографии од она што тие го оставаат зад себе. Еверест е полн не само со телата на планинарите, туку и со околу 50 тони отпад, од шишиња кислород, опрема за качување, како и голем број на човечки измет.
М. А. | Црнобело