Зошто треба да ја посетите Естонија?

Естонија е северна европска земја која долго време се борела против окупатори, од Данска, Шведска и од Советскиот Сојуз. Сепак, и покрај овие предизвици, Естонија напредуваше и стана самостојна, демократска земја.

Zosto-treba-da-ja-posetite-estonija

Што е толку фасцинантно кај оваа држава и зошто треба да ви биде на листата на патувањата?

Дознајте повеќе за Естонија:

Бесплатен јавен транспорт

Во главниот град на Естонија, Талин, јавниот транспорт е бесплатен. Градоначалникот на Талин нуди бесплатен јавен превоз за секој кој е регистриран жител на неговиот град.


Онлајн гласање

Многу земји сé уште дебатираат за концептот на онлајн гласање поради загриженоста за безбедноста, Естонија ова го практикува уште од 2005-та година. Естонија е многу технолошки развиена држава и речиси сите домови имаат интернет конекција. И покрај нејзините недостатоци, ова најверојатно ќе биде начинот на иднината.


Скајп

Како што рековме, естонците се технолошки развиени. Уште во раните денови на интернетот постоел уште еден сервис за делење на датотеки кои се нарекувал Kazaa и бил создаден од Естонците. Неколку години подоцна естонските програмери дошле до идеја да го мешаат гласот со делењето на датотеките. Ова значело дека луѓето можеле да водат бесплатни разговори се додека имале пристап на интернет. Иако постојат слични услуги денес, Скајп е сé уште изворот на национална гордост на Естонците.


Рефлектори за безбедност

Законот во Естонија налага дека, без разлика дали возите велосипед или само одите, морате да носите рефлектори за безбедност, за да бидете сигурни дека луѓето можат да ве видат. За жал, многу пати туристите не се целосно запознаени со овој закон барање, поради што плаќаат парични казни.


Зачувана средновековна архитектура

Старата чаршија која е дел од главниот град Талин е полна со средновековна архитектура. Стариот град е под покровителството на Центарот за светско наследство на УНЕСКО. Градскиот плоштад е често полн со фестивали или други активности, а можете да најдете и голем број на стари цркви и други интересни стари згради. Стариот град е навистина место каде што минатото и иднината се мешаат.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто треба да оставите сè и да заминете во Германија Се смета за една од најбезбедните земји во светот, надалеку е позната по пивото ...
Манастири во Македонија кои вреди да ги посетите - тука верниците го наоѓаат својот духовен мир Скриени во недопрената природа манастирските комплекси во нашата земја се вечни ...
Фото-прошетка низ Котор - црногорски град во кој посетителите секогаш се враќаат Црногорски град на прекрасното јадранско крајбрежје, Котор е местото кое не смее...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
14 дестинации во Европа погодни за меден месец во 2024 година Санторини е островскиот рај во Егејското море, па со оваа дестинација нема да по...
Која е Македонката, која ги сподели најубавите празнични фотки од Романија и Монако? „Со душа чекам да започнам со објава на празничните фотки“ – напиша на фотографи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg