11 причини зошто следна дестинација треба да ви биде Cinque Terre

За посета на Италија не ви требаат некои посебни причини, но ако случајно ви треба изговор зошто да се упатите кон Cinque Terre , петте селца кои се протегаат по Лигурскиот брег во северна Италија, ви помагаме со следниве 11.

11-pricini-zosto-sledna-destinacija-treba-da-vi-bide-cinque-terre-1.jpg

Под „Петте земји“, како што би гласел буквалниот превод на овој предел, спаѓаат селцата Monterosso al Mare, Vernazza, Manarola, Corniglia и Riomaggiore кои ќе ви создадат чувство како да живеете во разгледница.

Зошто следното патување да го испланирате токму таму?

1. Селцата имаат неоспорен шарм

Ова е едно од оние места каде не можете да направите лоша фотографија. Без разлика дали сте на врвот на Corniglia или живописното село Manarola, ќе мора постојано да се потсетувате дека не сонувате.

11-pricini-zosto-sledna-destinacija-treba-da-vi-bide-cinque-terre-2.jpg


2. Луѓето ќе ви приредат топло добредојде

Без оглед на тоа дали ви требаат насоки или сакате на брзина да се напиете едно лимончело, очекувајте некој локалец да започне разговор и покрај јазичните бариери. Ќе се зачудите како луѓето со сосема спротивни јазици може да се разберат преку јазикот на виното и брускетите.

11-pricini-zosto-sledna-destinacija-treba-da-vi-bide-cinque-terre-3.jpg


3. Морската храна таму е највкусна

Италијанската кујна и храна по правило е неверојатно вкусна, но кога се работи за морска храна, има нешто посебно во морските плодови од Лигурскиот регион.

11-pricini-zosto-sledna-destinacija-treba-da-vi-bide-cinque-terre-4.jpg


4. Сите 5 селца се поврзани со Sentiero Azzuro

„Светло сината патека“ е прекрасен начин да ги прошетате сите селца, гледајќи ги карпите кои се протегаат од едната страна. Плус, патот помеѓу Manarola и Riomaggiore е познат и како љубовна патека која е совршена за мала пауза со бакнежи или поставување на судбоносното прашање.

11-pricini-zosto-sledna-destinacija-treba-da-vi-bide-cinque-terre-5.jpg


5. Ако не сте по пешачењето, секогаш можете да се качите на траект

Тука буквално ќе се разгалите, па ако сте премногу мрзеливи да пешачите, имате траект на кој треба само удобно да се сместите и да ја набљудувате убавината наоколу.

11-pricini-zosto-sledna-destinacija-treba-da-vi-bide-cinque-terre-6.jpg

Уште 6 причини на следната страна...



Би можело да ве интересира:

8 европски дестинации со пријатни температури за патување во месец мај Доколку планирате одмор во непосредна близина, секако на оваа листа е нашиот јуж...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Највкусната улична храна низ Европа (што треба да ја пробате) Палачинки во Франција, трделник во Чешка и, секако, бурек во Македонија – која в...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
14 дестинации во Европа погодни за меден месец во 2024 година Санторини е островскиот рај во Егејското море, па со оваа дестинација нема да по...
Пет градови во регионот со одлична програма за дочекот на Нова година Ако сакате да ги слушате Северина, Дино Мерлин, Влатко Стефановски, Џибони или Ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg