Италија - земја во која одново ќе се пронајдете себеси

Италија – земја на убавите жени, виното, тестенините, модата и што уште не. Има нешто апсолутно магично во неа кое никој не може да го објасни.

italija-zemja-vo-koja-odnovo-kje-se-pronajdete-sebesi-01

Оваа магична држава има моќ да ве замисли додека се шетате низ древните улички по тосканското сонце, со сладолед од страчатела во раката. Дали има нешто поубаво во животот од тоа? И навистина, има ли?

И сами знаете зошто треба да ја посетите, но дали знаете кои се придобивките од нејзиното посетување?

1. Ќе научите да се пробиете низ хаотичниот свет

Во земја каква што е Италија, можат да се случат многу непланирани нешта – па затоа многу-многу не се потпирајте на вашите планови. Ресторанот во кој сакате да јадете може ненадејно да затвори, можеби ќе чекате ред за да купите карти за Милано кои ги резервиравте 3 месеци претходно само за да сфатите дека сите луѓе пред вас се обидуваат да се качат на истиот воз затоа што тој е последниот.

Италија не функционира по ничиј часовник, освен по сопствениот – а тоа може да биде многу фрустрирачки за сите кои се опседнати со планирање и точност. Но, знаете што? Фала му на бога што постои. Ти благодариме Италија затоа што нѐ потсетуваш дека ние не сме центар на светот и дека без разлика колку мислиме дека го заслужуваме, убавиот живот најдобро се живее без очекувања.


2. Ќе се чувствувате подобро поради милозвучниот јазик

За разлика од другите европски јазици, учењето и зборувањето на само неколку клучни италијански фрази може да ги восхити дури и оние најнервозните продавачи. Токму затоа што италијанскиот јазик ретко се зборува надвор од нејзините граници, локалните жители ќе бидат восхитени од странецот кој се обидува да го зборува нивниот јазик, отколку да го побара тоа што му треба на англиски.

Вашиот италијански може да биде катастрофа, но срамежливиот обид скоро секогаш е добредојден и придружен од благодарна насмевка, слатка смеа и нежна корекција, ослободувајќи ве од стравот дека звучите смешно. На сите ни е потребно малку охрабрување за да се соочиме со стравовите и да престанеме да се грижиме околу совршенството и да пробаме нешто. А Италија е најдобриот избор за тоа.


3. Ќе ги забележите секојдневните нешта

Ако не одвоите барем 5 минути да пробате буфала моцарела полиена со маслиново масло и свежо исечкана пиперка, тогаш многу пропуштате. Пропустот кој Италија го има со временската точност го надополнува со прецизноста на вкусови кои се наоѓаат во наједноставните состојки.

Понекогаш не ви е потребен луксуз – доволно ви е да видите бакарни парички како тонат во водата од фонтаната, мирис на лимони кој ве придружува додека се шетате во топлото попладне, звукот на тишината додека седите на некоја убава клупа... во Италија ќе научите важна лекција околу тоа колку малку ви е потребно за да бидете навистина среќни. А, ако не можете да го научите тоа таму, дали навистина можете да го научите на некое друго место?


4. Ќе ја гледате историјата на еден поинаков начин

Како што шетате низ музеите, градините, палатите, а дури и низ малите селца, сѐ подобро ќе го сфатите вашето место во светот. Денес, историјата не е само предмет кој ви е потребен за да матурирате, туку служи за да ве потсети каде пиете кафе, каде повикувате такси и што постоело претходно. Низ камените улици ќе го слушнете ехото од нераскажани приказни, ќе ја почувствувате тежината на мермерните столбови кои ја носат тежината на годините.

Во Италија ќе научите да ја цените историјата и да развиете трпение за старите работи. Таа ви дава шанса одблиску да го видите она што претходните векови го оставиле во наследство, учејќи нѐ дека сите приказни на луѓето се споени. Каква трага сакате да оставите? Кој сакате да бидете кога ќе се вратите дома?


5. И најважно, ќе заборавите да го проверувате телефонот на секои 5 минути

Кој сака да гледа Фејсбук кога шетате низ прекрасните улици на Рим? Додека се возите со брод или кајче по езерото Комо? Кога го гледате прекрасното изгрејсонце во Бари? Шармот на Италија се крие во запирањето на времето – или можеби тоа поминува без да забележите. Сите треба повеќе да се восхитуваме на убавините околу нас, наместо да зјапаме во екраните 24/7. Затоа, оставете сè да се одморите и да се детоксицирате од работните обврски, да забавите со животот и одново да ја пронајдете смислата на сопствениот живот.

Накратко, ќе сфатите дека животот е едноставен, во Италија – и на сите други места во светот. Хранете се добро. Љубете лудо и секогаш семејството и пријателите нека ви бидат на прво место. Патувањето до Италија ќе ви даде јасна перспектива врз вашиот живот, а перспективата е најдоброто нешто од кое можете да почнете ако сакате да бидете подобра личност. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
5 знаци дека сте избрале погрешен ресторан на одмор (и ќе зажалите за тоа) Бегајте од ресторани пред кои келнерите стојат и ве канат и обрнете внимание на ...
4 европски острови кои вреди да ги посетите според Forbes: Хвар во Хрватска е на прво место Кои 4 европски острови вреди да се посетат според Forbes? Кои од нив се релативн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg