Најизолирани манастири во светот
Иако се убави, овие манастири не се за секого, бидејќи е тешко да се стигне до нив, а некои манастири се, речиси недостапни.
Ова се некои од најизолираните манастири во светот:
Манастир Острог, Црна Гора
Оваа православна црква може да се пронајде високо на карпата на Острошка Греда. Истата е оформена од камен. Се работи за најпопуларниот аџилак во Црна Гора, а секоја година го посетуваат илјадници луѓе.
Основана е од страна на Василије, митрополит на Херцеговина во 17-от век. Една од причините за големиот број на посетители е што многумина веруваат дека ако се молат во близина на телото на Василије можат да се излечат од болести.
Големите манастири „Метеори“, Грција
Метеора значи „среде небото“. Источниот православен манастир е под заштита на УНЕСКО. Приказната вели дека основачот на манастирот, Свети Атанасиј, не требало да се искачи на карпата да го изгради манастирот, тој бил качен горе од орел.
Пред 1920-та година, повеќето луѓе морале да користат јажиња за да се искачат на врвот. Манастирот е исто така познат по својата „улога“ во филмот на Џејмс Бонд, Само за твоите очи.
Будистички манастир Ки, Индија
Манастирот Ки се наоѓа во истоименото село на Хималаите. Тибетанскиот будистички манастир се наоѓа на врвот на еден од ридовите, на надморска височина од 4.166 метри. Ова е религиозен центар за обука.
Паро Тактсанг манастир, Бутан
Познат по име „Гнездо на тигарот“ овој манастир се наоѓа на височина од 3.000 метри во карпа во долината Паро, Бутан на Хималаите.
Легендата вели дека Гуру Ринпоче, вториот Буда, пристигнал на карпата на голема тигрица, каде што открил пештера и медитирал.
Пештерата денес може да се најде во рамките на ѕидовите на манастирот. Изграден е во 1692-та година и реновиран во 1998-та година.
На туристите не им е дозволено да одат во овој манастир, а едиствениот начин да се стигне до него е пешки или на мазга.
Жан Конг манастир, Кина
Во провинцијата Шанкси во Кина може да се најде „висечкиот манастир“. Овој манастир е направен на карпа. На прв поглед, овој храм изгледа нестабилно, но истиот преживеал неколку земјотреси во текот на годините.
Изграден е пред повеќе од 1.400 години. Храмот е прекрасен, не само поради својата локација, туку и поради своите архитектонски достигнувања.
М. А. | Црнобело