17 докази дека сте зависник од патувања
Многу е лесно пасијата да се претвори во опсесија, посебно ако таа вклучува поглед низ авионскиот прозорец, нова храна и култура, нови луѓе и доживувања од кои чувствувате духовно збогатување.
Ако се сомневате дека патувањата се вашата опсесија, овие 17 ситуации може многу лесно да утврдат дали сте во право или не:
1. Листата на работи кои сакате да ги направите на следното патување е долга барем 4 страни.
2. Враќањето дома ви е како одмор помеѓу патувањата.
3. Додека се враќате дома веќе правите планови каде би сакале да отпатувате во следната прилика.
4. Кога и да сте дома на компјутер, во еден таб задолжително имате отворено страна за пребарување на евтини летови и сместувања.
5. Останувањето на едно исто место повеќе од 1 недела ве прави нервозни и здодевни.
6. Кога гледате авантуристички филмови секогаш се ставате на местото на главниот лик и си го поставувате прашањето „што би направил/а јас?“
7. Како што го читате овој текст, така желбата за бегство од реалноста ви се зголемува.
8. Дури и музиката која ја слушате ве поттикнува да мислите дека сте на плажа, во бар, на планина со снег, во некое напуштено селце...
9. Секој ден се будите со нова дестинација во мислите.
10. Работите само за да си го спонзорирате следното патување.
11. Кога помислувате на местата на кои досега не сте биле, истовремено се чувствувате возбудени но и тажни.
12. Кога не патувате, си замислувате ситуации кои би можеле да ви се случат следен пат кога ќе се качите во авион.
13. Најсреќно се чувствувате кога сте во постојано движење.
14. Имате еден куп ситници во облик на мапа на светот. Дури можеби и тетоважа.
15. Сфаќате дека многу повеќе научивте историја и географија откако патувате, отколку кога седевте во клупа со учебникот.
16. Букирањето на лет ви создава пеперутки во стомакот.
17. Голем дел од вашите пријатели, колеги и познаници мислат дека сте откачиле.
М. Д. | Црнобело