Најубавите улици низ светот кои секој патник треба да ги посети
Вила де Грација во Барселона (Шпанија)
Во Август, улиците на Барселона се претвораат во шарен карневал за време на Големата забава на Грација. За време на овој фестивал, улиците се натпреваруваат меѓу себе која ќе биде најоригинална и најколоритна. Локалните жители ги декорираат сопствените делови од улиците со рециклирани материјали, а секоја улица има специфична тема.
Стариот град на Лијианг (Кина)
Лијианг е поделен на два дела: стар град, локација заштитена како светско наследство на УНЕСКО и новиот дел на градот. Локалните жители велат дека градот постои благодарение на водата, а водата постои благодарение на градот.
Реката Јангце се состои од три ракави кои поминуваат низ целиот град. Има голем број на мали мостови, тесни улици и прекрасни канали. Оваа историска област ја истакнува хармонијата меѓу луѓето и природата.
Алберобело во Апулија (Италија)
Овој град е познат по неговите бели Трули куќи со заоблени покриви. Ваквиот вид на градба можете да го видите само овде, и на ниту едно друго место на светот.
Посебноста на градбата лежи во наредените камења. доколку тргнете еден, куќата за кратко време ќе се претвори во куп камења. Локалните жители понекогаш го правеле ова и намерно со цел избегнување на плаќањето даноци. Иако Трули куќите изгледаат слично тие се поделени на машки (со купола) и женски (без купола) групи.
Улицата Ломбард во Сан Франциско (САД)
Оваа улица е задолжително место за посета за сите туристи во Сан Франциско. Граѓаните се горди што можат да ја наречат улицата со најмногу кривини во светот. За да го намалат аголот на накосување, архитектите создале осум остри кривини. Дозволената брзина на оваа улица е 5 километри на час.
М. С. | Црнобело