Најубавите улици низ светот кои секој патник треба да ги посети

Пролетта само што не пристигнала, што значи дека времето за нови авантури се наближува! Секој патник сака да осмисли сопствена патека.

Najubavite-ulici-niz-svetot-koi-sekoj-patnik-treba-da-gi-poseti-03

Некој сака да го види архитектонското чудо на Гауди додека друг сонува да го посети кафулето каде е снимен францускиот филм за Амелија Пулен. Секој патник има сопствени уникатни планови исто како што и секој град има сопствена и уникатна атмосфера и шарм.

Но без оглед на сè, постојат неколку места на светот во кои сите ќе се вљубат. Тоа се најубавите улици на светот низ кои морате да ги обележите на картата доколку сакате незаборавен одмор:

Медина во Шавен (Мароко)

Najubavite-ulici-niz-svetot-koi-sekoj-patnik-treba-da-gi-poseti-01

Овој живописен град е сместен во северниот дел на Мароко. Понекогаш Шавен изгледа светло син, а понекогаш темно син па дури и виолетов. Еврејските бегалци кои пристигале во Мароко во 1930-та година се одговорни за овие рајски бои.

Вратите, прозорците и ѕидовите во стариот град се обоени сино, што е света боја за Евреите. Таа за нив е потсетник на небото и на Бога. Иако бројот на Евреи значително се намалил низ времето, локалните жители сè уште ги бојат куќите во сино како традиција, особено за нивните големи фестивали.

Najubavite-ulici-niz-svetot-koi-sekoj-patnik-treba-da-gi-poseti-02


Улицата на лебдечките чадори во Агуеда (Португалија)

Najubavite-ulici-niz-svetot-koi-sekoj-patnik-treba-da-gi-poseti-03

Овие прекрасни чадори за првпат се појавиле во Агуеда во 2012-та година. Секоја година, десетици нови чадори се поставуваат. Овие декорации со светли бои исто така служат како одлична заштита од сонцето. Локалните жители се шегуваат дека Мери Попинс живееле во нивниот град.

Najubavite-ulici-niz-svetot-koi-sekoj-patnik-treba-da-gi-poseti-04


Улицата-тепих во Ла Оротава (Тенерифе)

Najubavite-ulici-niz-svetot-koi-sekoj-patnik-treba-da-gi-poseti-05

Секој јуни, во пресрет на празникот Корпус Кристи, огромен тепих се распостила пред градската сала во Ла Оротава. Тој се состои од необични слики кои се изработени од вулкански песок.

Песокот се ископува од кратерот на вулканот Теиде сместен на еден од Канарските Острови. Десет луѓе поминуваат 40 дена во изработката на една ваква слика користејќи 23 нијанси на песок. Во 2006-та година тие изработиле тепих од 950 м2 кој беше прогласен за Гинисов рекорд.

Уште 4 улици на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
9 најтопли европски дестинации што може да ги посетите и во зима Кипар, Сплит, Крит... Кои европски дестинации може да ги посетите и во зима, за ...
Ресорт направен како реплика на Санторини е хит во Кина (фото+видео) Во кинеската провинција Јунан, има ресорт кој е како реплика на Санторини, а бид...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg