8 изуми за кои треба да ѝ се заблагодариме на Шведска
Скандинавската историја измина долг пат од Викиншките освојувања. Швеѓаните, исто така, режираат филмови, пишуваат книги и дестилираат вотка.
Земјата на полноќното сонце придонесе разновидна низа на оригиналност на светската култура.
Прочитајте кои работи ѝ ги должиме на Шведска:
Викинзи
„Викинг“ првобитно значело „да се оди на експедиција“ или „да се нападне“. Овој збор веројатно веднаш ве потсетуваа на рогови и змејови.
Сепак, некои од тие работи се само дел од митовите. Во 19-от век обновениот интерес за Викинзите резултираше со романтичарската верзија на Викинзите.
Овој период беше беше познат како викингшка преродба. Подоцна, нацистичката Германија ги усвои нивните симболи како симболи на надмоќна раса.
Исто така, аспектите на скандинавското паганство биле применети во нацистичкиот мистицизам.
Пипи Долгиот Чорап
Пипи Долгиот Чорап беше популарна телевизиска серија создадена од шведскиот автор Астрид Линдгрен.
Стиг Ларсон, авторот на „Девојката со тетоважа на змеј“, изјави дека Лизбет од неговата книга била базирана врз возрасната верзија на Пипи.
ИКЕА
ИКЕА стана најголем продавач на мебелот во светот. Компанијата е основана во 1943-та година од страна на Ингвар Кампрад.
H&M
H&M е втора по големина продавница за облека во светот, зад Зара. Стилот на облеката е наменет да ги имитира актуелните трендови и да ги промовира преку рекламни кампањи.
Ерлинг Персон ја основа компанијата во 1947-та година, а седиштето на H&M се наоѓа во Стокхолм.
АББА
Секој е запознаен со песната „Dancing Queen“. АББА е шведска група формирана во 1972-та година, а „Dancing Queen“ стана една од најпопуларните песни на 1970-тите.
Бендот влијаеше на познатите музичари, како Лејди Гага, чија песна „Alejandro“ е слична на песната „Фернандо“. АББА беа познати и по својот ексцентричен стил на облекување. Бендот се распадна во 1982-та година.
Absolut вотка
Шведскиот производител на алкохол, Ларс Олсон Смит, го создаде овој бренд на вотка во 1877-та година.
Ингмар Бергман
Вуди Ален го нарече Бергман најголемиот филмски режисер на сите времиња. Тој во поголемиот дел од неговите филмови често се фокусира на смртност, лудило и предавство.
Неговите најпознати филмови се „Седмиот печат“ и „Диви јагоди“.
Pirate Bay
Pirate Bay е шведски веб-сајт за пребарување на торенти. Оваа страна е создадена во 2003-та година. Во септември во 2012-та година ко-основачот Готфрид Свартхолм беше фатен од полиција и ставен во самица.
М. А. | Црнобело