5 работи кои треба да ги знаете за Шкотска

Шкотска е земја на зелените ридови, килтови, гајда и стари замоци, но таа има многу повеќе работи кои може да ви ги понуди. Оваа мала земја е место полно со фасцинантна историја.

5-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-skotska

5 работи кои треба да ги знаете за Шкотска:

Fortingall Yew, 5.000 години старо дрво

Во срцето на Шкотска се наоѓа едно од најстарите дрва во Европа, Fortingall Yew. Експертите велат дека дрвото е старо околу 5.000 години.

Именувано е по малото село кое се наоѓа во близина. Земјиштето околу ова дрво ги содржи некои од најпознатите археолошки локалитети во Шкотска, од почивалиштата на жртвите на чуматата, до остатоците од 1.300 години стариот манастир.

Денес дрвото е сериозно оштетено, но сè уште стои силно во срцето на Шкотска, потсетувајќи ги посетителите на светоста на прастарите дрвја.


Ѕидот на Адријан

Римјаните извршиле инвазија на јужниот брег на Велика Британија во 55 година п.н.е. Потоа продолжиле со помали инвазии во следните 100 години, сè додека конечно императорот Клавдиј не испратил 40.000 војници во 43-та година.

Тие стигнале до Шкотска, која ја нарекувале Каледонија. Нивната инвазија не успеала. Римскиот император Адријан изградил ѕид долг 117 километри, широк 3 метри, висок од пет до шест метри.

Иако точната причина за изградбата на ѕидот останува нејасна, очигледно е дека Адријан се обидувал да ја зацврсти неговата одбрана.


Насилство и фудбал

Глазгов е одамна познат како град со чести убиства. Всушност, се наоѓа на третото место во Европа. Во Глазгов има повеќе насилни инциденти од Рио де Жанеиро или Њујорк, но за разлика од Њујорк, пиштолите ретко се користат во Глазгов.

Насилството се практикува со ножеви и тупаници. Иако стапката на криминалот опаднала значително во последните 10 години, Глазгов има историја со верско насилство, голема сиромаштија, и спортски ривали.

Во многу пабови пишува: „забрането за бои“, бидејќи ова е град каде што одењето во паб со погрешна боја на дрес може да поттикне тепачка. Најжестоките ривали во фудбалот се навивачите на Глазгов Ренџерс и Селтик, најуспешните клубови во Шкотска.

Ривалството ги има и религиозните поделби, Ренџерси ги претставуваат протестантите и британската монархија, а Селтик го претставува католицизмот. Всушност, двата тима се основани од страна на членовите на нивните религии: Селтик е основан од страна на католичкиот свештеник, додека Ренџерс е основан од страна на протестанти.


Еднорог

Официјалното животно на Шкотска е еднорогот. Ова не е изненадување со оглед на тоа колкава љубов Шкотите имаат кон легендите.

Еднорозите биле почитувани од страна на Келтите, а симболиката е иста како и денес: благодат, чистота, исцелување, среќа.

Шкотскиот кралски грб имал два еднорози на него, а еднорогот сé уште е дел и од кралскиот грб на Обединетото Кралство, заедно со лавот.

Шкотска има многу митолошки суштества, без разлика дали тие се модерни или антички. Најпознатото е, секако чудовиштето од Лох Нес.


Независност

Шкотска е суверена држава во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. И покрај тоа што е дел од уставната монархија на Велика Британија, Шкотска има својата независност.

Образовниот систем во Шкотска е одделен, а со него управуваат Шкотите. Шкотска нуди бесплатна вода за нејзините граѓани, иако нафтата и нуклеарната енергија се регулирани од страна на Велика Британија.

Шкотска, исто така, има свој судски систем, за разлика од повеќето западни системи, судовите можат да донесат одлука: виновен, не е виновен или не е докажано. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чунгкинг во Кина е најлудиот град во светот – На покривите има бензински пумпи (видео) Ако некогаш го посетите Чунгкинг, ќе имате чувство како да сте зачекориле во мес...
Лажни резервации за хотел и авионски билети – Како да ги избегнете измамите кога резервирате за одмо... Не наседнувајте на лажни пораки со честитки дека сте добитник на бесплатно патув...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Најголемата панделка во светот – Кое е омиленото место за сликање на инстаграмџиите во Виена? Каде се наоѓа големата панделка, што е омилено место за фотографирање на инстагр...
Која е Македонката, која ги сподели најубавите празнични фотки од Романија и Монако? „Со душа чекам да започнам со објава на празничните фотки“ – напиша на фотографи...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg