Од град со еден жител, до место каде смртта е забранета: Најчудните градови низ светот

Некои градови во светот се многу уникатни, вклучувајќи ги и оние кои се изградени да изгледаат уникатно. Некои градови имаат само еден жител, додека жителите на другите градови, сите живеат под еден покрив.

Neobicni-gradovi-niz-svetot-03

Ова се најнеобичните градови низ светот:

Колма, Калифорнија

Местото Колма има повеќе починати од живи лица. Се работи за град кој има 1.500 жители, од кои повеќе од 1,5 милиони се мртви жители. Историјата на градот може да се проследи наназад до златната треска во 1849-та година кога стотици илјади луѓе мигрирале. Тие донеле со себе болести и смрт. Од 1880-те, 26-те гробишта во градот биле речиси исполнети. Денес повеќе од 73% од земјиштето на Колма е предодредено да стане гробишта.

Neobicni-gradovi-niz-svetot-01


Monowi, Небраска

Monowi е основан од страна на чешките мигранти во североисточниот дел на Небраска. Градот има само еден жител: 77-годишната Елси Елер. Monowi е најмалиот град во САД. Елси работи во таверната и библиотеката на градот и е сопственик на околу 5.000 книги од нејзиниот покоен сопруг, Руди. Таа е градоначалник, секретар и благајник на градот.

Neobicni-gradovi-niz-svetot-02


Ордос, Кина

Градот Ордос се нарекува и најголемиот град на духови во Кина. Градот бил изграден за да се приспособи на повеќе од еден милион луѓе. Инвеститорите почнале со изградба на станови, со надеж дека ќе ги изнајмуваат, меѓутоа, побарувачката не била голема, а зградите никогаш не биле завршени. Денес улиците се преполни со нецелосни куќи.

Neobicni-gradovi-niz-svetot-03


Longyearbyen, Норвешка

Longyearbyen во Норвешка е најсеверниот град во светот. Во градот се наоѓа најсеверната црква во светот, банкомат, музеј, пошта, аеродром и Универзитет. Во Longyearbyen умирањето е забрането. Секој жител што ќе се разболи веднаш е пренесен со авион или брод во друг дел на Норвешка пред да почине. Умирањето е забрането, бидејќи телата на погребаните во гробиштата не се распаѓаат, како резултат на екстремно студеното време.

Neobicni-gradovi-niz-svetot-04


Asymmetric Warfare Training Center (AWTC), Вирџинија

Се работи за ненаселен град изграден од страна на Армијата на САД за да ги обучува своите војници. Градот има училиште, црква, џамија, железничка станица и амбасада. Исто така има бензинска пумпа, фудбалско игралиште, банка, метро и мост. Градот е изграден среде пустината Аризона од страна на американските воздухопловни сили. 

Neobicni-gradovi-niz-svetot-05

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-прошетка низ Котор - црногорски град во кој посетителите секогаш се враќаат Црногорски град на прекрасното јадранско крајбрежје, Котор е местото кое не смее...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
9 најтопли европски дестинации што може да ги посетите и во зима Кипар, Сплит, Крит... Кои европски дестинации може да ги посетите и во зима, за ...
5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓ...
Две држави од поранешна Југославија се на листата најубави земји на светот (според туристите) Туристите од цел свет ги избраа 20-те најубави земји. На листата има 3 држави од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg