10 најевтини градови во Европа за 2016-та
Последниве неколку години сите зборуваат за тоа како европските градови станаа сè подостижни, што е одлична вест за сите кои обожаваат да патуваат и истражуваат.
Всушност, ако ги прашате редовните патници, ќе ви кажат дека Европа одамна не била толку евтина.
Според листата на Price Of Travel, ова се 10-те градови кои треба да ги посетите во 2016-та, затоа што никогаш нема да бидат поевтини:
1. Киев, Украина
Иако Киев отсекогаш бил поевтин од останатите европски градови, во 2016-та ќе ги надмине очекувањата. Се проценува дека доволни ви се 20 евра дневно за еден пристоен, просечен престој.
2. Букурешт, Романија
Ова ви е шанса да го посетите најшармантниот град на Романија. За еден пристојно поминат ден доволни ви се 21,5 евра.
3. Краков, Полска
Примамлив за неколку дневни екскурзии, но и подолги патувања во 2016-та, Краков е градот во кој ќе ви требаат околу 23 евра вклучувајќи неколку оброци и пијалаци.
4. Софија, Бугарија
Според оваа листа, во комшии ни е еден од најевтините градови во секоја сезона. За еден ден во Софија ќе ви бидат потребни нешто повеќе од 23 евра.
5. Белград, Србија
Уште еден град во комшии, кој важи за урбан центар со добар ноќен живот и одлични цени. Во просек ви требаат 25 евра од ден за солиден престој.
6. Сараево, Босна и Херцеговина
Уште една балканска убавина која не е преполна со туристи, а е вредна да се посети барем еднаш. За во Сараево ќе ви бидат потребни околу 27 евра за еден ден со оброци, пијалаци и транспорт.
7. Будимпешта, Унгарија
Хит дестинација која уште долго ќе се задржи во топ 10 места кои мора да ги посетите во животот, благодарение на убавините, шмекот и пристапноста кои ги нуди. За еден ден во Будимпешта потребни ви се околу 28,5 евра, вклучувајќи го транспортот, прошетките и локалната храна и пијалаци.
8. Чешки Крумлов, Чешка
Вториот најпопуларен туристички град во Чешка ви нуди туристички атракции, вкусни јадења, пијалаци и добра забава за околу 29 евра дневно.
9. Варшава, Полска
Истражувањето на Варшава би требало да ве чини најмногу 30-тина евра на ден, ако им верувате на оние кои веќе еднаш ја посетиле. Иако честопати е заборавена заради сјајот на Краков, сепак не треба да ја одминете.
10. Загреб, Хрватска
Топ 10 листата ја завршуваме со прекрасниот Загреб, каде за транспорт, храна, туристички атракции и по некоја пијачка во вечерните часови ќе ви бидат потребни најмногу 30 евра.
Д. М. | Црнобело