7 места кои вреди да ги посетите пред да наполните 40 години

Едно патување колку и да звучи клише ви покажува еден нов свет, нова култура, нов начин на живот. Видете што светот има да ви понуди, живејте друг живот, стекнете нови навики, одете на место каде што не го знаете јазикот изгубете се и проширете ги вашите хоризонти. 

mesta-koi-treba-da-gi-posetite-pred-da-napolnite-40-01.jpg

Еве неколку места кои треба да ги посетите пред да наполните 40 години:

1. Бангкок, Тајланд

Ќе бидете опкружени со големи места и храмови, храна која се нуди насекаде од страна на улични продавали, маркети на вода. Евтини масажи и вртоглаво скапи хотели, тоа е град кој ќе сакате да го посетувате одново и одново.

mesta-koi-treba-da-gi-posetite-pred-da-napolnite-40-1.jpg

2. Париз, Франција

Градот на светлината е без сомневање најшармантиот и романтичен град во светот. Искусете ги Ајфеловата кула, градината на лалињата и превкусната француска кујна со саканата личност.

mesta-koi-treba-da-gi-posetite-pred-da-napolnite-40-2.jpg

3. Хонгконг, Кина

Не мислете дека сè што можете да видите во Хонгконг се високите стаклени облакодери и урбаната џунгла. Доволно е да прошетате по улиците и да ги видите луѓето за да почнете поинаку да гледате на работите.

mesta-koi-treba-da-gi-posetite-pred-da-napolnite-40-3.jpg

4. Лондон, Англија

Не дозволувајте лошото време да ве предомисли и да се откажете од посетата на Лондон. Од нивната култура и кралска крв до рибата со помфрит која може да ви стане омилено јадење за многу кратко време, огромните улици и историски населби низ кои може да талкате, Лондон е град кој нуди многу. 

mesta-koi-treba-da-gi-posetite-pred-da-napolnite-40-4.jpg

5. Мачу Пикчу, Перу

Едно од 7-те светски чуда дефинитивно е едно од местата на кое сакате да одите додека ја имате енергијата да се искачите по Андите. Глетката ве враќа во 15-от век во која може да видите скриен и стар град.

mesta-koi-treba-da-gi-posetite-pred-da-napolnite-40-5.jpg

6. Крстарење низ грчките острови

Кристалните води, старите градби, историјата и митологијата, долгите песочни плажи и добрите ноќни забави се само дел од работите кои може да го збогатат вашето лето и да направат да имате незаборавно искуство.

mesta-koi-treba-da-gi-posetite-pred-da-napolnite-40-6.jpg

7. Њујорк, Америка

Ниту еден град во светот нема поголема разноликост на луѓе, култури и светови како големото јаболко. Ни една минута нема да е залудно потрошена кога ќе се наоѓате во Њујорк.

mesta-koi-treba-da-gi-posetite-pred-da-napolnite-40-7.jpg

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg