Најбизарните маркети и пазари во светот
Пазарите се совршени за запознавање на различните култури од местото кое го посетувате.Таму можете да вкусите уникатна локална кујна, да купите сувенир, волшебни прачки, па дури и черепи од мајмуни, пилешки коски, талисмани и сите видови на мистични работи.
Ова се некои од најпознатите бизарни маркети и пазати во светот:
Пекингшки пазар за храна, Кина
Доколку сте гладни, не го посетувајте пазарот во близина на Wangfujing Daji. Најверојатно ќе завршите со купување патка, неколку пилешки срца. Во суштина, сé што може да се јаде, може да се купи тука. Па дури и скорпии, мравки, скакулци и змии.
Продавница за зомби апокалипса, Лас Вегас, САД
Бидејќи неодамна зомбијата станаа толку популарни во игри, филмови што некој се сетил да заработи пари од овој феномен. Овде можете да пронајдете оружја против зомбија и опрема.
Muara Kuin, пловечки пазар, Banjarmasin, Индонезија
Овој град е познат и како „град на илјада реки“. Banjarmasin нема големи пазари на земја, луѓето користат мали чамци наречени "jukung" да ги донесат сите видови на храна.
Вештерски пазар, Боливија
Пазарот за вештерки во Боливија е место преполно со сите видови на амајлии, уроци, сушени суштества и состојки, змијски отров, напивки како афродизијак, ретки билки, народни лекови и безброј други предмети, исто така можете да се консултирате со боливиските вештерки за вашата иднина, ако сте доволно храбри.
Ломе вуду пазар, Того (Западна Африка)
Повеќето луѓе мислат дека Вуду-то потекнува од Хаити, но малку знаат дека оваа религија, всушност, има длабоки корени во Западна Африка. На овој пазар можете да најдете мртви алигатори, кози, кокошки, гуштери, мајмуни, леопарди.
М. А. | Црнобело