Земјата каде тревата е најзелена, а замоците најволшебни – Ирска
Вонземска убавина спакувана во форма на заливи, острови, долини и гребени – тоа е Ирска. Нејзината единствена историја, култура и митологии на совршен начин ги надополнуваат природните убавини на оваа земја.
Секој замок, ветерница и навидум обична патека имаат своја сопствена легенда која се пренесува од генерација на генерација.
Се чини дека природниот пејзаж на Смарагдниот остров е создаден посебно за осамените талкачи кои можат да поминат часови и часови талкајќи низ зеленилото и наоѓајќи го сопствениот мир.
Суровата клима, со студени ветрови дури и во текот на летото, осамените гребени и недопрената навидум дива природа обиколена од бунтовните бранови на Атлантскиот Океан ги тераат туристите одново и одново да се враќаат во оваа земја.
А, за сите оние кои немаат желба за талкање низ природа секогаш може да посетат некој од традиционалните ирски пабови и да се напијат од најпознатото пиво „Guinness“ уживајќи во незаменливата ирска музика.
М. С. | Црнобело