Земјата на фјордовите, мразот и поларната светлина - Норвешка
Земјата на фјордовите, мразот и поларната светлина, Норвешка е место за сите оние кои бараат сосема поинаков начин на славење на празниците. Ниски температури, неистражени шуми, сурова северна клима – местото од каде потекнуваат сите легенди за Викинзите и Валкирите.
Сведоците на богатата историја на земјата може да се сретнат на секој чекор, но сепак главната атракција која оваа земја ја нуди е природата.
Локалните фјордови се помеѓу најубавите места на планетата: тивки, мирни огледала каде небото си игра со ѕвездите, воодушевувачки гребени, водопади, светилници... природни чуда кои оставаат со широко отворени усти.
А, како јаготка на шлагот во сите тие фасцинантни пејзажи овде имате единствена можност да бидете сведоци на нешто навистина магично - поларната светлина.
И, се разбира, да не заборавиме на минијатурни норвешки села расфрлани низ целата земја, со црвени куќи кои потсетуваат на куќи од кукли и пространите пасишта за ирваси.
М. С. | Црнобело