Најубавите лизгалишта во светот
Лизгањето е одлична сезонска активност, посебно за парови и семејства. Како една од најстарите и најпопуларни рекративни активности, ви дава можност да се забавувате во студениот воздух.
Ако некогаш имате можност да посетите некое од следниве лизгалишта, не ја пропуштајте шансата, затоа што сите се прекрасни:
1. Сомерсет куќата, Лондон
Ова престижно лизгалиште е сместено во срцето на Лондон. Овој дом од 18 век е претворен во модерно и популарно место со импресивна посетеност.
2. Рокфелер центарот, Њујорк
Светски познато место кое го има во многу филмови, туристички водичи за Њујорк и е интересно бидејќи се наоѓа околу високите облакодери.
3. Ајфеловата кула, Париз
Уживајте во глетката на Париз додека лизгате на ова мало, но совршено лизгалиште. Тоа се наоѓа на првиот кат на Ајфеловата кула.
4. Виена, Австрија
Ова големо лизгалиште се наоѓа веднаш под преубаво осветлената Rathause (градското собрание). Одличен избор доколку сакате вашето лизгање да има посебна атмосфера и опкружување.
5. Торонто, Канада
Плоштадот Nathan Phillips во Торонто е популарно јавно место кое е лоцирано пред градското собрание.
6. Тиволи Гарденс, Копенхаген
Тиволи Гарденс се светски позната атракција во стилскиот главен град на Данска. Лизгалиштето се наоѓа на убавото езеро кое е отворено за зимските празници.
М. Д. | Црнобело