24 помалку познати дестинации кои вреди да ги посетите
Градовите како Лондон и Њујорк секако дека вреди да се посетат барем еднаш во животот, но понекогаш, најдобрите патувања се кријат во некои сосема неочекувани места и дестинации.
Од големи метрополи, до егзотични локации, постојат места за кои можеби не знаете, а вреди да ги посетите:
Северна Америка
1. Савана, Џорџија
Изграден околу серија на убави плоштади, овој град има прекрасни пејзажи кои го доловуваат шармот на југот.
2. Вилемстад, Курасао
Комбинација на карибски шмек и холанѓанско влијание од колонијалните денови – овој град е идеален за релаксација.
3. Квебек, Канада
Квебек е често потценет во однос на Монтреал, но има шармантен стар дел кој го одвојува од соседот.
4. Провиденс, Роуд Ајленд
Главниот град на најмалата држава во САД генерално е игнориран благодарение на Бостон, но претставува интересна дестинација со добра храна и богата култура.
Јужна Америка
5. Сан Педро де Атакама, Чиле
Градот е прилично малечок, но вреди да се посети за пејзажите кои го обиколуваат – планини, вулкана и гејзери.
6. Барилоче, Аргентина
Барилоче е лоциран во аргентинскиот дел на Патагонија и претставува популарна дестинација за оние кои сакаат да скијаат, но и за љубителите на природата.
7. Форталеза, Бразил
Иако е еден од најголемите градови во Бразил, Форталеза не добива толкаво внимание колку Сао Паоло и Рио де Жанеиро.
8. Валпараисо, Чиле
Валпараисо е град на ридови и добро познатиот Пабло Неруда, па тука можете да го посетите и неговиот дом.
Африка
9. Есаоуира, Мароко
Ова место е идеално за оние кои сакаат да сурфаат, благодарение на ветровите и високите бранови.
10. Најроби, Кенија
Најголемиот дел од туристите Кенија ја поврзуваат со сафари, но овој град претставува метропола која нуди бројни луксузни места за посета.
11. Свакопмунд, Намибиа
Во себе го содржи шмекот на Германија, бидејќи порано бил нејзина колонија, па можете да уживате во неверојатната архитектура.
12. Сиди Бу Саид, Тунис
Бели ѕидини и тиркизно море, што повеќе ви треба?
Уште 12 дестинации на следната страна...