10-те најубави глетки креирани од снег и мраз
Уживате во зимата? Дури и да не сте страсен љубител на ладното време, постојат места кои со сигурност ќе ви го одземат здивот.
Погледнете како изгледаат некои од најубавите глетки креирани од снег и мраз:
10. Реката Тадами, Аизо, Фукошима, Јапонија
Снегот е најдлабок во Аизо, а мостот кој ги поврзува двете страни на реката Тадами изгледа магично кога целиот предел околу него е препокриен со снег.
9. Реката Снејк, Вајоминг, САД
Оваа река поминува низ разноврсна флора и фауна, а во текот на зимата изгледа посебно волшебна.
8. Водопадите Сноквалми, Сиетл, Вашингтон, САД
Водопадите во Сиетл се обиколени со прекрасна шума која сред зима целата е препокриена во снег и креира бајковита глетка.
7. Синото езерце, Беи, Хокаидо, Јапонија
Ова езерце е добро познато по својата боја и дрвата кои се посебно прекрасни во зима.
6. Сент Јозеф северно пристаниште, Мичиген, САД
Пристаништето е изградено на езерото Мичиген и има два прекрасни светилника кои во зима кога ќе замрзнат изгледаат неверојатно.
Уште 5 дестинации на следната страна...