Дали сте за поинакво празнично искуство оваа зима?

Ако сте од оние кои сакаат да патуваат за време на празниците и да си поминете лудо и незаборавно на некоја локација која ви го одзема здивот, а не сакате да се занимавате со тоа дали ќе се погоди хотелот, дали храната ќе биде добра и дали добро ќе се снајдете, постои едноставно и уникатно решение за вас.

Dali-ste-za-poinakvo-praznicno-iskustvo-ovaa-zima-01

Ви предлагаме ново решение кое можеби засекогаш ќе го смени вашиот начин на патување.

Ако сте личност со широко орворен ум, спремни за авантура, тогаш принципот на менување на вашиот дом сигурно ќе ви се допадне.

За што всушност станува збор?

„Менувањето  дом“ е принцип кој постои многу одамна, а го користат многумина како практично решение за нивните посети низ светот. Постојат страници кои што можете да ги најдете со едноставно пребарување на клучните зборови.

Ако напишете home swap ќе ви излезат навистина многу страни кои се занимаваат со ваквиот процес и ќе ве насочат кон понатамошно пристапување во процесот.


Како функционира?

Најпрво бирате локација каде што сакате да престојувате и кажувате колку време сакате да престојувате. Сите понудени места во апликациите се куќи на семејства кои веќе го искусиле ова „менување на домот“ и се проверени, гостопримливи луѓе.

Откако ќе ја изберете локацијата каде што сакате да престојувате, а имаа локации од многу места во светот, се договарате со семејството како ќе ја извршите замената.

Најчесто луѓето кои го користат овој систем се договараат на неделен престој, некаде до седум дена и прават директна замена. Ако вие одите седум дена во Лондон, во домот на семејството кое сте го избрале, тие доаѓаат седум дена во вашиот дом.

Но, по договор може и да не настане директна замена, туку вие да го посетите нивниот дом додека тие се тука, а и тие да го посетат вашиот дом додека вие сте тука. Секако доколку не сакате да правите замена постои можност за изнајмување на нечиј дом.


Луѓето ќе се запрашаат зошто би користеле ваков систем
?

Предноста на ваквата размена е тоа што добивате вистински дом, а не хотелска соба. Исто така семејството ви ги дава сите потребни информации кои треба да ги знаете за околината во која сакате да патувате без да плаќате дополнителни трошоци за туристички водич.

Запознавате нови луѓе кои се веќе проверени, искрени и добронамерни, а можат да останат ваши пријатели за цел живот.

Освен тоа е ново, различно и не мора да се занимавате со навремено пристигнување, едноставно вие имате ваш нов дом на локацијата која отсекогаш сте сонувале да ја посетите.


Дали е безбедно?

Страните кои се занимаваат со ваква размена имаат пакети за безбедност кои ви гарантираат дека ќе имате прекрасен престој и дека ништо лошо нема да ви се случи.

Па, ако сте заинтересирани за авантура и ново искуство кое ќе ве однесе на местата кои што отсекогаш сте посакувале, ви предлагаме да си го најдете вашиот нов привремен дом уште сега.

Дали ќе одберете да патувате за празниците оваа зима или можеби ќе се чувате за понатака добро да го знаете овој систем на размена кој функционира беспрекорно.

Повеќе за процесот можете да видите ТУКА.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
Дестинации на Балканот што секој мора да ги посети (барем еднаш) Познат како „бисер на Јадранот“, Дубровник е препознатлив по добро сочуваните ср...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
9 активности кои можете да ги правите на Халкидики, за да немате пензионерски одмор Кајакарење по тиркизните води во околината на островот Дијапорос, тргајќи од Вур...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg