5 начини како да уживате во боите и вкусовите на Барселона
Ако Њујорк е градот што никогаш не спие, а Париз е градот на светлината, тогаш Барселона е градот на боите. Без разлика во кој дел од градот сте и што правите, не можете а да не се воодушевувате и да впивате дел од магијата на боите на Барселона.
Сонце, убави места, уметнички галерии на отворено,тапаси и вино секоја вечер. Што повеќе може да посака еден турист?
Еве 5 начини како да ја истражите и уживате во Барселона:
1. Ла Рамбла (La Rambla)
Најдобар начин да се прошетате од еден до друг крај на Барселона е преку оваа улица на која се наоѓаат безборј продавници за сувенири, слаткарници и улични изведувачи.
Нешто што дефинитивно не смеете да пропуштите додека се движите по оваа улица е познатиот пазар Mercado de La Boqueria. Овошја, зеленчуци, зачини и сè што ќе ви падне на памет можете да најдете на овој пазар кој изобилува со бои.
2. Тапаси
Одлични барови за тапаси може да се најдат насекаде низ градот. Cal pep, El Xampanyer и Ciudad Condal се омилени на жителите на Барселона.
Но, доколку сакате да одите од еден во друг бар да пробувате тапаси одете на Poble Sec каде што можете да ја поминете целата вечер.
3. Магичните фонтани
Секој водич за шетање низ Барселона ќе ви каже дека не смеете да го пропуштите шоуто на Магичните фонтани. Колку и да звучи клише и ништо посебно, кога ќе ги видите ќе бидете среќни. Танцот на водите е толку спектакуларен што речиси се подобри од ден поминат во Дизниленд.
Останете на целото шоу и ќе имате добра забава знаејќи ги текстовите на сите популарни песни кои свират во позадина.
4. Гауди
Ниту едно патување во Барселона нема да е целосно без разгледување на брилијантната, имагинативна архитектура на Антони Гауди. Визионер пред неговото време, со препознатливи шарени мозаици, разиграни форми.
Саграда Фамилија и Паркот Гуел се неговите најпознати дела, но исто така треба да ги видите и Палатата Гуел, Куќата Батло и куќата Мила.
5. Фудбал
Фудбалски меч на Ф.К Барселона е веројатно еден од највозбудливите спортски настани на кои може да присуствувате. Енергијата на публиката никогаш не разочарува.
М. Д. | Црнобело