22 работи кои секој светски патник треба да ги проба
Животот е многу поинтересен ако искусите нова храна, отпатувате некаде подалеку и се сретнете со поразлична култура. Сето тоа ќе ве инспирира за да го подобрите квалитетот на секојдневието, но и повеќе да го цените она што го имате.
Ако се согласувате и верувате дека секој човек во себе има светски патник, но треба да го активира и разбуди, ова се 22 работи кои треба да ги пробате, доколку имате шанса:
1. Пливајте во Ѓаволскиот базен во Африка, кој се наоѓа на работ на Викторијанските водопади, најголемите водопади во светот.
2. Фрлете паричка и посакајте желба во Фонтана ди Треви во Италија.
3. Гледајте мјузикл на Бродвеј во Њујорк.
4. Опуштете се со едно кафе во Монмартр во Париз.
5. Пливајте во најголемиот базен во светот, кој се наоѓа во одморалиштето Сан Алфонсо дел Мар во Чиле. Објектот опфаќа 80.937 метри квадратни, а содржи повеќе од 250.000 кубни метри вода.
6. Одете на опера во Сиднеј.
7. Прошетајте го Бруклинскиот мост во Њујорк.
8. Избањајте се во топлите извори на Исланд.
9. Стојте на стаклениот балкон на Вилис кулата во Чикаго.
10. Возете се со Транссибирската железница.
11. Пливајте со розовите делфини во реката Амазон.
Уште 11 идеи на следната страна...