Најзгодниот пар на Инстаграм кој неразделно го истражува Тахити
Овој пар својата слава ја добил по фотографиите од нивните гламурозни патувања и одмори низ Калифорнија, Австралија и Бали, но она што навистина сакаат да го покажат на целиот свет е местото од каде потекнуваат.
Шарлот Дургит и нејзиното момче Џејсон Ведел првата година од нивната врска ја посветиле на авантури и патувања: „Нашите пари ги трошевме исклучиво за патување и откривање на нови места“.
„Но, она навистина сакам да ви го покажам е нашиот дом. Мал остров обиколен од океан, па водата е како игралиште за нас. Ако ме прашате мене, ние сме прилично среќни што сме родени тука. Тука ја откривме убавината на природата и тајните богатства на океанот“ – објаснува Шарлот.
Овој пар потекнува од малиот остров Тахити кој се наоѓа сред Тихиот океан.