Авантура низ Андора, една од најмалите држави во Европа
Андора е мала европска држава на Пиринеите, помеѓу Франција и Шпанија. Таа е една од каталонските држави, единствена со потполна независност.
Интересно е што оваа држава нема војска, па нејзината одбрана е должност на Франција или Шпанија. Зафаќа површина од 468 км2 и има околу 85.000 жители.
Интересен факт за Андора е што го користи еврото како валута, иако не е член на Европската Унија.
Доколку пазарувате во Андора нема да платите никаков данок ниту пак провизија.
Оваа мала држава главно е составена од Шпанци и Португалци во најголем број, додека Андорците бројат околу 36.6% од целокупната популација.
Во оваа планинска земја развиен е туризмот и е една од најзначајните структури на нивната економија.
Секоја година Андора ја посетуваат над 9 милиони туристи.
Дали би биле вие дел од нив?
Н. Т. | Црнобело