10 најпопуларни зимски дестинации кои вреди да ги посетите
6. Будимпешта, Унгарија
Будимпешта, посебно нејзиниот главен парк е место како од филмовите. Можете да уживате во романтичните погледи од парови кои заедно лизгаат додека се држат за рака, светилки во разни бои или да уживате во топло чоколадо додека гледате во снегот кој паѓа.
7. Јасна, Словачка
Словачка има добри терени за скијање по пристапни цени. Сместувањето и храната се прилагодени за сечиј џеб.
8. Андалузија, Шпанија
Во најјужните делови на Андалузија владее блага клима, сместувањето е евтино, а има и помалку туристи, па можете во мир да уживате во попладневните прошетки.
9. Трансилванија, Романија
Најдобро време за посета на дворецот на грофот Дракула не се сончевите летни денови, туку ладните зимски денови кога побргу се стемнува. Ќе имате впечаток дека сте се вратиле неколку векови наназад и се наоѓате во дворецот кога навистина живеел самиот гроф.
10. Венеција, Италија
Најпопуларното случување во текот на зимата е венецијанскиот карневал, па овој град е идеален за посета токму во овој период.