Реставрираната Фонатана ди Треви чека да си замислите желба
После 17-месечна реставрација, во износ од 2.2 милиони евра, Фонтана ди Треви е повторно отворена за посети.
Ремек-делото на Никола Салви, изработено во далечната 1732 година, ја враќа својата доминација на плоштадот во сиот свој сјај благодарение на средствата инвестирани од страна на италијанската модна куќа „Фенди“.
Со висина од 26.3 метри и ширина од 49.15 метри таа претставува еден од најграндиозните споменици на градот Рим.
Фонтаната некогаш претставувала крајна точка на Аква Верџине, еден од најстарите аквадукти кои го снабдувале со вода градот Рим.
Легендата вели дека во 19-от век некоја млада девојка ги довела жедните римски војници до извор со чиста вода сместен на растојание од 13 километри од градот. Пронаоѓањето на изворот довело до градење на аквадуктот кој во име на девојката бил наречен Аква Вирго, или девствен извор.
Ако некогаш барем за миг сте имале шанса да го слушнете шумот на водата која блеска на силното римско сонце, сигурно со нетрпение чекате да се вратите пак, бидејќи правилото вели дека во фонтаната секогаш се фрлаат две парички, едната за да ви се исполни замислената желба а втората за еден ден повторно да се вратите во Рим.
М. С. | Црнобело