Lonely Planet ја објави листата на најдобри дестинации за 2016-та

За оние кои обожаваат да патуваат и често се служат со предлозите на добро познатите интернет страни и списанија за запознавање на светот, оваа листа е идеална. Lonely Planet ги даде своите предлози на места за 2016.

lonely-planet-ja-objavi-listata-na-najdobri-destinacii-za-2016-01.jpg

Овој пат, списоците не се направени на основа на туѓите искуства, туку како колекција од места кои туристите би требало да ги посетата оваа година.

Дивина

Боцвана е земја во која можете да уживате во дивиот животински свет, каде можете да видите слонови и антилопи, големите африкански мачки и дивите кучиња.

На листата за посета вметната е и пустината Калахари „култна африканска пространа дивина“.

Следна на листата е малата островска држава Палау каде имате можност да уживате во море од желки.

lonely-planet-ja-objavi-listata-na-najdobri-destinacii-za-2016-1.jpg


Бидете пионер

Слоганот на Гренланд е „Бидете пионер“. Ова место можеби не е за сечиј џеб, но во секој случај овозможува неверојатни искуства и погледи кои долго ќе останат во вашите сеќавања.

Следна на листата е и Трансилванија, но не поради својата вампирска митологија, туку поради Карпатите каде имате можност да уживате во пространите пештери, да скијате или планинарите.

lonely-planet-ja-objavi-listata-na-najdobri-destinacii-za-2016-6.jpg


Света Елена

Уште едно место кое вреди да се посети и е вметнато во списокот на Lonely Planet е островот Света Елена – местото каде бил протеран Наполеон.

Котор пак е прогласен за најдобар град за 2016-та

Крајбрежниот град Котор неодамна е прогласен како град со најубаво пристаниште според капетаните на крузерите „Royal Caribbean“, а сега се најде на првото место и на листата на Lonely Planet.

lonely-planet-ja-objavi-listata-na-najdobri-destinacii-za-2016-4.jpg


Топ 10 земји за 2016

1. Боцвана

2. Јапонија

3. САД

4. Палау

5. Латвија

6. Австралија

7. Полска

8. Уругвај

9. Гренланд

10. Фиџи

lonely-planet-ja-objavi-listata-na-najdobri-destinacii-za-2016-7.jpg


Топ 10 региони за 2016

1. Трансилванија, Романија

2. Западен Исланд, Исланд

3. Valle de Vinales, Куба

4. Винските региони на Фриули, Италија

5. Островот Ваихеке, Нов Зеланд

6. Оверњ, Франција

7. Хаваи

8. Баварија, Германија

9. Коста Верде, Бразил

10. Света Елена, Британските територии

lonely-planet-ja-objavi-listata-na-najdobri-destinacii-za-2016-3.jpg


Топ 10 градови за 2016

1. Котор, Црна Гора

2. Кито, Еквадор

3. Даблин, Ирска

4. Џорџ Таун, Малезија

5. Ротердам, Холандија

6. Мумбаи, Индија

7. Фриментл, Австралија

8. Манчестер, Велика Британија

9. Нешвил, Тенеси

10. Рим, Италија

lonely-planet-ja-objavi-listata-na-najdobri-destinacii-za-2016-9.jpg

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
9 најтопли европски дестинации што може да ги посетите и во зима Кипар, Сплит, Крит... Кои европски дестинации може да ги посетите и во зима, за ...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg