Топ 10 места во светот од каде може да ја набљудувате поларната светлина
6. Јукон, Канада
Од август до средината на април, поларната светлина се појавува и на небото над Канада. Зависно од облаците, загадувањето на светлината или активноста на Аурора феноменот, тука може да поминете и цела ноќ набљудувајќи го небото.
7. Шкотска
Во Шкотска поларната светлина е видлива во текот на цела есен и зима, а најдобро видлива е во најсеверните делови и висорамнини или Шетландските Острови во јануари.
8. Исланд
Хотелот Ranga, во јужниот дел од Исланд, нуди многубројни зимски активности вклучувајќи го и набљудувањето на поларната светлина. Тука сезоната на овој феномен трае од август, па се до првите денови во мај, кога на небото се гледаат силно зелени, розови и виолетови нијанси.
9. Национален парк Cherry Springs, Пенсилванија
Изолиран од градската гужва и светла, националниот парк во Пенсилванија е посветен на зачувувањето на исклучително темното небо. Во 2014-та година тука четири пати се појавил Аурора феноменот, менувајќи ги боите од розови и виолетови, па се до темно црвени нијанси.
10. Свалбард, Норвешка
На ова место поларната светлина е најдобро видлива од средината на ноември до јануари, па во текот на овој период се организираат многубројни екскурзии вклучувајќи и разгледување на околината со отворен автомобил и набљудување на ирвасите и арктичките лисици.