Топ 10 места во светот од каде може да ја набљудувате поларната светлина
Поларната светлина или Аурора Бореалис е појава типична за поларните региони, кои благодарение на неа во студениот период од годината прераснуваат во туристички хит дестинации.
Доколку набљудувањето на осветленото небо ви е желба на вашата „Bucket List“ или само сакате да истражите нешто ново, поинакво и магично, ова се топ 10-те дестинации најдобри за таа цел.
Сепак, научниците тврдат дека ако сакате да уживате во Аурора глетка, ќе мора да побрзате, затоа што веќе од следната година истата ќе биде многу потешко видлива.
Аурора Бореалис феноменот нема да исчезне, но сепак се очекува да биде поретко видлив во следната декада.
Активноста на поларната светлина варира на периоди од околу 11 години, а затоа што еден период завршува во 2016-та, се очекува дека до 2024-та, па дури и до 2026-та година видливоста да биде значително намалена.
Имате уште нешто повеќе од година за целосно да ги доживеете поларните убавини:
1. Шведска
Секоја година околу 100 занаетчии прецизно го создаваат хотелот од мраз во Шведска, каде гостите може да одберат дали ќе престојуваат во „обична“ соба од мраз или луксузен апартман со изрежана уметност во замрзнатите ѕидови. Оттаму се планираат екскурзии до блиската станица Аурора Скај во Абиско, која е отворена од 30-ти ноември до 30-ти март за тивко набљудување на овој небесен феномен.
2. Фербенкс, Алјаска
Покрај светлосното шоу на небото, тука посетителите имаат на располагање и голем број на топли, минерални извори и бањи кои некако го побиваат фактот дека температурите се минусни. Фербенкс се наоѓа директно под Аурора светлина од август до мај, а феноменот е најдобро видлив помеѓу 10 часот навечер, до 3 часот наутро. Тогаш туристите може да уживаат во зелени, жолти и виолетови нијанси долж небото.
3. Тромсо, Норвешка
Тука има цел фестивал кој трае од 24-ти јануари до 1-ви февруари, посветен на овој феномен на небото. Фестивалот секоја година трае по 9 дена и вклучува повеќе од 40 џез, класични и електронски перформанси.
4. Финска
Поларната светлина се појавува на небото над Финска дури 200 ноќи годишно. Доживувањето е уште поспектакуларно во романтичниот Kakslauttanen Resort, каде секоја соба завршува со стаклен покрив во облик на игло, идеален за набљудување на Аурора феноменот.
5. Гренланд
Со минимално осветлување, поларната светлина над Гренланд е видлива по 3-4 часа во текот на ноќта. Сезоната на овој феномен на млечно зелени нијанси на небото тука трае од септември до почетокот на април.
Уште 5 места на следната страна...