Кои се 10-те најевтини градови за оваа есен?

Ако размислувате за уште еден краток одмор или викенд патување, а притоа сакате да потрошите што е можно помалку пари, тогаш наједноставно е да се упатите на исток.

koi-se-najevtinite-gradovi-koi-mozete-da-gi-posetite-ovaa-esen-01.jpg

Според најновото истражување направено од UBS, 6 од европските градови котираат високо на листата на најскапи градови. Најевтините се во Азија и Источна Европа.

Цирих е најскапиот град за одмор. Во просек за една ноќ треба да потрошите дури 928 евра. По него следи Њујорк со 910 евра. Ако сакате да ги посетите Женева или Токио, бидете подготвени да потрошите 883 евра.

По овие градови, високо на листата се наоѓаат и Париз, Минхен, Тајпеј, Хелсинки и Дубаи.

Ако сте дел од оние кои сакаат поевтин одмор, тогаш најдобро е да се упатите кон Букурешт каде престојот ќе ве чини 229 евра или Софија и Мумбај каде ќе потрошите 265 евра. По нив, најдолу на листата се наоѓаат Бангкок, Њу Делхи, Пекинг, Најроби и Вилнус. На 9-то и 10-то место на најевтини градови се Будимпешта и Истанбул.

Листата е направена според тоа колку две лица ќе треба да потрошат за една вечер, вклучувајќи вечера и автомобил за изнајмување или такси, но не е вклучена цената која ќе ви биде потребна за да пристигнете таму.

Би можело да ве интересира:

Летни авантури низ Македонија, за оние кои сакаат адреналин Летање со параглајдер над Охридското Езеро или paintball во Струмица – не мора д...
10 причини зошто оваа пролет да одите во Барселона Архитектурата, зелените паркови, но и превкусната храна се мал дел од причините ...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
Велигденски базари во европските градови кои се како пролетна бајка Кои европски градови се претвораат во вистинска велигденска бајка пред празницит...
Топ 8 најубави плажи на Пелопонез - со ситен песок и кристално чисто море Освен многуте археолошки пронаоѓалишта, историски знаменитости и атракции кои ну...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg