Кучешки околувратници, вампири, кондоми: Најчудните музеи на светот
Музеј на раскинувањата
Овој музеј во Загреб е посветен на неуспешните љубовни врски. Тој содржи лични предмети оставени од страна на поранешните љубовници, придружени со кратки описи.
Музеј на кондоми
Тајланд е еден од најголемите производители на кондоми во светот. Не само што можете да ги видите кондомите од речиси секоја епоха, туку има и просторија во која можете да ги испробате нивната сила и издржливост.
„Katten Kabinet“
Основан во 1990-та година во Амстердам од страна на Вилијам Мејер, во спомен на неговиот мачор Том. Овој музеј е храм на мачките, полн со слики и скулптури.
Музеј на вампири
Овој музеј се наоѓа во непосредна близина на Париз. Овде можете да видите сé поврзано со вампири во културата, од минатото и сегашноста. Освен тоа, можете да видите и мумифицирани мачки и портрет на вампир од познатиот француски убиец Nicolas Claux.
Автор: М.A. | Црнобело