Трпезариски табуа низ светот - Во Италија не смеете да побарате повеќе кашкавал
Држете ги рацете под масата, не зборувајте со полна уста… Овиe се популарни прекори што сите сме ги слушнале. Доколку планирате да патувате во странство, одржувањето на вашите манири може да биде малку потешко отколку што мислите.
Ако јадете во Кина, сечкањето на тестенините на пола дефинитивно ќе привлече внимание. За Кинезите долгите тестенини претставуваат долговечност. Токму затоа, вообичаено е луѓето да ги шмукаат тестенините додека јадат.
Важни се и стапчињата за јадење. Не е пристојно да се насочуваат кон другите луѓе.
Јапонија исто така, има интригантни трпезариски табуа. И тие се конкретни за поставеноста на стапчињата. Не смеат да се забодат во оризот во чинијата, бидејќи така го навредувате домаќинот на куќата или готвачот.
Во Италија, првата работа што треба да ја запомните е да не го навредувате готвачот. Во превод, не смеете да барате повеќе кашкавал.
Исто така, Италијанците ги сфаќаат своите дефиниции за оброци сериозно. Храна за појадок се служи за појадок, храна за ручек се служи попладне и сл.
Во Танзанија се смета за непристојно да се појавите порано на вечерата. Од почит, поканетите гости секогаш треба да доцнат 15 - 20 минути. Што се однесува до облеката, треба да носите широка облека, бидејќи е најсоодветна.
Повеќето оброци се јадат додека седите на подот. Исто така, мажите и жените не јадат заедно. Всушност, мажите не смеат ни да влезат во кујната.
Сигурно не сте знаеле дека можат да ве уапсат доколку јадете лубеница во Beech Grove, Индијана.
Овој закон се однесува на парковите. Поради големиот неред, забрането е да се јадат лубеници во паркот.
Ако мислите дека ова е чуден закон, тогаш никогаш не сте биле во Геинсвил, Грузија. До денешен ден илегално е да се јаде пржено пилешко месо со прибор. Мора да го јадете само со раце. Овој закон е донесен во 1961-та година.
Јамајканците веруваат дека на децата не треба да им се даде да јадат пилешко месо пред да научат да зборуваат, бидејќи на тој начин никогаш нема да научат да зборуваат. Тие дури сметаат дека бебињата кои пијат млеко од шише во иднина ќе станат пијаници.
Автор: М.A. | Црнобело