5 страшни и проколнати места од кои ќе ве полазат морници
Познати по своите страшни и урбани легенди, постојат места ширум светот кои се прогласени како проколнати. Само најхрабрите се осмелиле да ги посетат, додека другите ги избегнуваат.
Aokigahara шумата во Јапонија
Во подножјето на планината Фиџи се наоѓа Aokigahara, злогласната јапонска шума во која стотици луѓе извршиле самоубиство. Полицијата повеќе не известува за бројот на откриените тела од страв тие бројки да не ги охрабрат самоубиствата.
Низ шумата се поставени знаци на кои пишува: „Твојот живот е скапоцен подарок на твоите родители“ и „Ве молиме консултирајте се со полицијата пред да одлучите да умрете“. Се разбира, многу луѓе веруваат дека шумата е полна со духови на оние кои умреле таму.
Julia Hasdeu замокот во Романија
Овој замок бил изграден од Bogdan Hasdeu Petriceicu во Романија по смртта на неговата 19-годишна ќерка Јулија. Тој го посветил замокот и остатокот од својот живот на Јулија.
Станал спиритист во обид да се поврзе со нејзиниот дух и дизајнирал посебна соба во замокот за духовните вежби. Наводно, Јулија сè уште го прогонува замокот, шета низ дворот во бел фустан и свири на пијано секоја ноќ.
Beechworth душевната болница во Австралија
Beechworth душевната болница, првобитно наречена Mayday hills, се наоѓа во Викторија, Австралија. Служела како душевна болница од 1867 до 1995-та година. Во неа живееле 1.200 пациенти, а околу 9.000 пациенти починале во 130-годишната историја на ова место.
Постои верување дека овие души сè уште го прогонуваат местото. Најхрабрите посетители имаат можност да уплатат ноќна тура во овој замок и да ги предизвикуваат духовите.
Bhanghar, Индија
Изграден е во 1573-та година, а денес можат да се најдат само урнатини на неколку храмови, палати и помали станбени единици. Според легендата, градот го проколнал волшебникот кој бил заљубен во принцезата од Bhanghar.
Со помош на магичен пијалак тој се обидел да ја заведе принцезата. Кога не успеал, ја фрлил чашата кон карпите кои почнале да паѓаат врз него. Пред да умре го проколнал градот, велејќи дека ќе биде уништен и ќе стане непогоден за живеење.
Градот бил нападнат и ограбен. Повеќето од неговите жители, вклучувајќи ја и принцезата, биле убиени. Оние кои преживеале избегале од градот. На сите посетители им е забрането да остануваат во тврдината навечер.
Château de Châteaubriant, Франција
Замокот бил изграден во 11-от век, но станал проколнат во 16-от век. Приказната зборува за Jean de Laval и неговата жена Françoise de Foix.
Françoise починала на 16.10.1537 под мистериозни околности. Се шпекулирало дека нејзиниот маж дознал за нејзината афера и ја затворил во една соба, а потоа ја отрул. Секоја година на датумот на нејзината смрт, Françoise шета низ ходниците на замокот.
Автор: М.A. | Црнобело