9-те најубави градски паркови во светот
Посетата на еден град не се состои само од посета на неговите музеи, кафулиња, шопинг центри и восхитување на архитектурата, туку и уживање во неговата природа. Нема ништо подобро од малку одвојување од урбаната средина во мирно зеленило.
Токму затоа, важно е секогаш при посетата на некој нов град да ги погледнете и неговите паркови.
1. Griffith паркот во Лос Анџелес
Ова е еден од најголемите паркови во подрачјето на овој град кој има своја опсерваторија од каде можете да го погледнете целиот град.
2. Паркот Guell во Барселона
Овој парк е украсен со живописни керамички плочки со карактеристичен дизајн кој со сигурност ќе успее да ве воодушеви.
3. Ueno паркот во Токио
Ова е еден од првите паркови во земјата на домот на најубавата флора и фауна каде ќе најдете и неколку музеи и храмови.
4. Hyde парк во Лондон
Овој парк е еден од најубавите и најпосетените отворени простори во градот.
5. Central паркот во Њујорк
Урбана оаза во бетонската џунгла на Менхетен. Во текот на летото многу луѓе уживаат на попладневен пикник меѓу фонтаните и скулптурите или се лизгаат во зима.
6. Villa Doria Pamphili во Рим
Езеро, зелени предели и градини кои се идеално место за да побегнете од брзиот живот.
7. Паркот Luxembourg во Париз
Овој парк е како враќање во минатото, бидејќи цвеќето датира уште од 1600-та година.
8. Birapuera во Сао Паоло
Овој парк е изграден за да се прослави 400-иот роденден на градот, а во него има импресивна архитектура и бујни зелени површини.
9. Vondelpark во Амстердам
Овој парк е рај како за туристите, така и за граѓаните на овој град. Во него можете да го почувствувате отсуството на хаотичноста на градот.