Најчудните хотели низ светот во кои може да престојувате
Понекогаш има нешто далеку поважно од самата дестинација на патување, а тоа е местото каде престојувате. Ова посебно важи кога имате можност да се најдете во некој чуден и невообичаен хотел.
Постојат земји кои се прилично иновативни кога станува збор за сместување на туристите и креирање на интересни архитектонски дизајни кои ќе ја разбудат фантазијата на секој кој има можност да остане на тоа место.
Еве неколку такви интересни и невообичаени хотели:
1. Montaña Mágica, Чиле
Овој хотел во Чиле направен е да изгледа како вулкан од чиј врв извира вода, а самата „планина“ е направена со флора од тамошниот простор.
2. Jumbo Stay, Стокхолм
Дали некогаш сте посакале да спиете во кабините на стациониран авион? Ако одговорот е позитивен, тогаш тоа можете да го направите токму во овој хотел.
3. Attrap'Rêves, Франција
Овие мини транспарентни соби во Франција ќе ви дадат уникатна можност да уживате во ѕвезденото небо додека спиете, односно додека лежите удобно во вашиот кревет.
4. Casa Verde, Порторико
Овој хотел е сместен во Националниот парк „Мануел Антонио“ во Коста Рика чии соби наликуваат на авионски кабини, а во нив можете да уживате во панорамскиот поглед.
5. Dog Bark Park Inn, Ајдахо
Дали сте толку силен љубител на животните што понекогаш би сакале да спиете во хотел кој е инспириран од нив? Ова е хотел во Ајдахо кој целосно изгледа на куче.
6. The Kolarbyn, Шведска
Ако сте повеќе авантуристички настроени, тогаш дефинитивно ќе уживате во малите колиби во Шведска кои се целосно направени од природни материјали.
7. Farlada Crane, Амстердам
Ако посакувате да спиете на големи височини, тогаш овој хотел во Амстердам е идеално место за вас. Тука можете да спиете на врвот од кран.
Уште 8 хотели на следната страна...