20 европски градови кои треба да ги посетите на есен
Европа е полна со бројни метрополи и мали гратчиња кои можат да ви го одземат здивот посебно на есен кога шаренилото и мирисот на дождовите ги исполнуваат улиците и малите сокачиња.
Есента е вистинско време кога можете да уживате во порелаксиран одмор. Прекрасни градини исполнети со дрва на кои се забележуваат боите на есента, патеки, музеи... Изборот е ваш.
Ова се 20 градови на Европа кои се идеални за посета во есен:
1. Виена, Австрија
Виена е шармантна во текот на целата година, но во есен можете да ги искусите најубавите панорамски прошетки. Овој град е како богатство за откривање.
2. Банско, Бугарија
Тука имате можност да уживате на планина, обиколени со шуми кои на есен овозможуваат поглед кон неверојатни пејзажи.
3. Берлин, Германија
Берлин е културно чудо со своите бројни музеи, галерии и историски места за посета, а зошто да не уживате во нив оваа есен?
4. Рига, Латвија
Рига има уникатна архитектура и бројни фестивали кои можете да ги посетите токму на есен. Имате барем еден цел месец на уживање во музика.
5. Стокхолм, Шведска
Времето сè уште е доволно пријатно за да се качите на велосипед и да уживате на прошетка во главниот град на Шведска. Тука есента е посебно пријатна.
6. Копенхаген, Данска
Главниот град на Данска за многумина е еден од најшармантните градови во Европа и одличен за шетање по неговите канали и градините Тиволи.
7. Будимпешта, Унгарија
Одлично место како за попладневни прошетки, така и за вечерна забава. Појдете до Областа VII и уживајте во топло кафе и убавата архитектура.
8. Фира, Грција
Ако сè уште сакате да уживате во тиркизните бои на морето, додека околу вас се шират боите и мирисите на есента, островот Санторини и неговото гратче Фира е идеално место за вас.
9. Осло, Норвешка
Можеби малку посвежа клима, но Осло може да ви понуди неверојатна глетка со фјордовите кои се простираат околу него.
10. Чешки Крумлов, Чешка
Прага е доста позната меѓу младите, но овој помалку познат град со дворец е навистина неверојатно место за есенска посета.
Уште 10 градови на следната страна...