Давањето бакшиш се смета за навредливо: 12 чудни обичаи од Кина
Кина има 1.35 милијарда луѓе и тоа ја прави најнаселена земја во светот, а како и секоја друга држава таа има свои обичаи и ритуали кои значајно се разликуваат од нашите.
Така за нив сосема неприфатливо е да си играат со столиците, но од друга страна не е ништо страшно ако гласно плукаат сред улица.
Ова се некои од најчудните ритуали во Кина:
1. Стапчињата со кои јадете не смеат да стојат исправени
Никогаш не помислувајте стапчињата да ги забодете во оризот кој го јадете, бидејќи тоа ги потсетува на ритуалот кој се прави како давање жртва на мртвите.
2. Ждригањето се цени
Ждригањето значи дека уживате во храната која ја консумирате и тоа е најголем комплимент за готвачот.
3. Шолјата чај постојано мора да се полни
Домашните мора да се погрижат гостите постојано да имаат полни шолји чај и со неа мора да наздрават во знак на благодарност.
4. Подароците се одбиваат многу пати
Не се лутете ако и подарите некаков подарок на личност од Кина, а таа неколку пати ве одбие, бидејќи таков е обичајот.
5. Гласно плукање во јавност
Овој гест воопшто не е чуден не само за улиците, туку и за затворените простори и јавниот превоз.
6. Полицијата употребува гуски наместо кучиња
По кинеските власти гуските имаат далеку подобар вид, погласни се и можат да бидат агресивни, па затоа се користат како замена на полициските кучиња.
7. Комплиментите не ги прифаќате со благодарност
Прифаќањето на комплименти покажува дека сте суетна личност, па не е пожелно да се заблагодарувате на истите.
8. Не е пристојно да покажувате со прст
На местата каде има тибетска популација не е пристојно да покажувате со прст кон некоја личност или предмет. Обичај е да ја употребите целата рака.
9. Давањето бакшиш е навредливо
Ако на некого отворено му давате бакшиш директно го навредувате, бидејќи му „кажувате“ дека не е способен добро да си ја заврши работата. Тоа е дозволено само во хотелите.
10. Сакаат да се сликаат со вас
На многу места може да ви се случи некои од локалните жители да побараат од вас да се сликаат со вас.
11. На плажа носат маски за лице
Во 2004-та година се појави facekini - маска за лице која ја штити кожата од сонцето, бидејќи главен тренд во Кина е да останете бледи во лицето иако сте уживале во летниот одмор.
12. Луѓето редовно дремнуваат на улица
Да заспиете на сред улица во Кина не е чудно, напротив тоа е вообичаена навика која ја практикуваат голем број на Кинези.