Необични барови во светот каде забавата никогаш не престанува
8. The Aviary , Чикаго
Со 25 различни типови на мраз и коктели кои се служат во топки од мраз кои треба да се искршат за да можете да ги испиете - тука коктелите се вистинско уметничко дело.
9. Rock Bar, Кута
Изграден е на карпа на висина од 14 метри од морската површина, а од него имате неверојатна глетка на Индискиот океан.
10. The Dead Rabbit, Њујорк
Ако сте фан на ирскиот пијалак виски, тогаш ова е идеално место за вас, бидејќи имате можност да одберете од неверојатни 145 видови.
11. Sean's Bar, Атлон
Ова е најстариот паб во Ирска кој се верува дека потекнува уште од 900-та година.
12. Akkurat, Стокхолм
Ако сте љубител на пивото, тогаш тука можете да изберете едно од 600-те видови на пиво – од сезонски пива, пива во ограничени количини или винтиџ пива.
13. Water and Wind Café, Хо Чи Мин
Овој бар целосно е направен од природни материјали – дури и мебелот е направен од бамбус, а за него не е употребена ниту една шајка.
14. Joben Bistro, Клуј-Напока
Овој бар ќе ве однесе во фантазиите на Жил Верн со сите машини и објекти кои се наоѓаат во него, а се направени според описите на овој автор на научна фантастика.
15. Falk’s bar, Минхен
Овој бар сместен е во голема сала која е единствениот простор од хотелот Bayerischer Hof кој останал недопрен од Втората светска војна и датира од 1839-та година.