Необични барови во светот каде забавата никогаш не престанува

Без разлика на тоа дали сакате да уживате во неверојатни погледи или да имате можност да ги посетите најстарите барови во светот или да пробате култни коктели, постојат места за сите вкусови и желби.

neobicni-barovi-vo-svetot-kade-zabavata-nikogash-ne-prestanuva-01.jpg

Од места каде можете да изберете меѓу 145 различни видови на виски или места каде имаат 25 различни видови на мраз, до места кои ви овозможуваат неверојатна глетка.


1. Rick's Café, Негрил

Место каде можете да уживате во прекрасни зајдисонца и каде многу луѓе одлучуваат да го тестираат својот авантуристички дух со скок во вода од карпите на кои е изграден овој бар.

neobicni-barovi-vo-svetot-kade-zabavata-nikogash-ne-prestanuva-1.jpg


2. Northern Lights, Рејкјавик

Овој бар дизајниран е специјално за да имате можност да уживате во омилениот пијалак и погледот кон ѕвезденото небо и Аурора бореалис.

neobicni-barovi-vo-svetot-kade-zabavata-nikogash-ne-prestanuva-2.jpg


3. Sky Bar, Бангкок

Изграден е на врвот од хотелот Лебуа на 63-иот кат, а од него имате можност да погледнете како изгледа целиот град.

neobicni-barovi-vo-svetot-kade-zabavata-nikogash-ne-prestanuva-3.jpg


4. The Chandelier, Лас Вегас

Зошто да бидете под лустерот на некоја просторија кога можете да пиете кафе или алкохолен пијалак внатре во него? Тука имате можност да се најдете меѓу 2 милиони кристали кои се дел од самиот лустер.

neobicni-barovi-vo-svetot-kade-zabavata-nikogash-ne-prestanuva-4.jpg


5. Artesian, Лондон

Овој бар влегува во листата на 50-те најдобри барови во светот, бидејќи секоја година ја менува темата на коктели, а оваа година е „надреализам“.

neobicni-barovi-vo-svetot-kade-zabavata-nikogash-ne-prestanuva-05.jpg


6. Rock, Кута

Тука можете да пристигнете само со брод и да се чувствувате како да се наоѓате на мал пуст остров кој од сите страни е опколен со вода.

neobicni-barovi-vo-svetot-kade-zabavata-nikogash-ne-prestanuva-6.jpg


7. Harry's Bar, Венеција

Ова место е култно благодарение на тоа што на голем број на славни личности им бил омилено место во Венеција. Тука седеле: Чарли Чаплин, Орсон Велс и Труман Капоте.

neobicni-barovi-vo-svetot-kade-zabavata-nikogash-ne-prestanuva-7.jpg

Уште 8 барови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
6 блиски бич барови во Грција за еден ден или викенд на море Најубавиот бич бар е во околината на Неа Ираклиа, пракрасен бич бар со палми и б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg