Приватни рајски острови кои можете да ги изнајмите за вашиот следен одмор
Планирањето на патување со пријателите е секогаш забавно, затоа што покрај тоа што уживате во морските бранови и сончевите зраци, тоа го правите заедно со луѓето кои ви се најблиски и со кои знаете дека ќе си поминете убаво.
Што ако имате можност тоа да го направите на некој приватен остров во ресорт каде ќе се чувствувате како да сте единствените луѓе на копното?
Би можело да се каже дека тоа е како мини семејство „кое доживеало бродолом“ како семејството Робинзонови, па сега можете да уживате на својот приватен остров.
Такви места постојат и на нашава планета, тргнувајќи од некои од Бахамските Острови, па се до некои од француските острови на кои ако ви е доволно широк џебот, можете да го планирате вашето идно летување.
Ако не, потонете во сладок сон – приватен луксузен остров само за вас:
1. Островот Calivigny
Во овој ресорт има 25 апартмани каде една ноќ чини 124.000 долари. Мебел во француски стил и кревет доволно голем за да пружи неверојатно доживување и квалитетен сон. Доволно големи соби во кои има џакузи и можност за изнајмување на јахта. Доколку некој сака да се релаксира во природа, по заоѓањето на сонцето може да ужива и во мини кино додека се лади во базен или да замине на прошетка.
2.Островот Musha Cay
Овој остров е дел од Бахамските острови Exuma Cay, а него го поседува познатиот илузионист Дејвид Коперфилд кој во 2006-та платил 50 милиони долари.
Тука еден апартман чини 57.000 долари од ноќ, во 4 посебни куќи. Англиски инспириран мебел од махагони дрво. Тука не може да ви биде досадно, бидејќи постои голем избор на забавни активности во вода или на копно, а доколку сакате, можете да испланирате романтична вечера со партнерот.
3. Островот Thatch
Тука има само една колиба која е идеална за парови, а чини 914 долари од ноќ. Самата колиба има само една спална соба и прилично едноставен стил на уредување, со надворешна кујна и камена скара доколку сте подготвени за готвење на вкусна риба или скара под ѕвезденото небо.
Можете да кајакарите или да пловите, а на крајот од денот да дегустирате вино на палубата.
4. Островот Melody Key
Тука не само што имате можност да уживате, туку тоа да го правите и во еколошки подготвена средина. Целата вила е обложена со соларен систем за струја и вода.
Една вечер тука чини $1.250 долари, а вилата собира 10 луѓе. Секоја од 4-те соби има свој приватен балкон, а заедничка дневна и трпезарија со поглед кон океанот.
5. Островот East Sister Rock
Тука една ноќ чини $6.500 долари,а до островот можете да пристигнете со брод или хеликоптер. Можете да уживате во панорамскиот поглед и буквално да се чувствувате дека сте единствени на островот, бидејќи тој е доволно голем за само една колиба.