Луксуз: 6-те хотели во светот кои имаат 7 ѕвезди
Луксуз е еден од термините кој сè уште се употребува не само за да се изрази вредноста на некој објект, туку и да се доловат елементите на ексклузивност и уникатност кои може да се доживеат преку задоволството кое е врзано за екстравагантните предмети и објекти.
Тука не станува збор само за модната индустрија и она што се нарекува висока мода, туку и за оние места кои ретко кој може да ги посети и да ужива во нив.
Таков е случајот и со хотелите кои овозможуваат едно сосема поинакво доживување на поимот хотел.
Верувале или не, постојат хотели кои имаат и повеќе од 5 ѕвезди. Не 6, туку 7 ѕвезди, а такви во светот се само 6.
Можете да претпоставите каде се наоѓаат?
1. Aman Canal Grande, Венеција, Италија
Овој хотел отворен е од 2013-та година во палатата Пападополи од 16-иот век и во него Џорџ Клуни и Амал Клуни стапија во брак. Има само 24 соби, цената на собите започнува од 100 евра, најголемата соба чини 3500 евра од вечер.
2. Burj al Arab, Дубаи, Соединетите арапски емирати
Овој хотел изграден е на вештачки остров на оддалеченост од 280m od плажата Јумериа и е со изглед на едро веќе одамна е симбол на луксуз, поточно уште од 1999-та година кога беше изграден. Севкупно има 202 соби, а најголемата чини 9000 евра од вечер.
3. Emirates Palace, Абу Даби, Соединетите арапски емирати
Овој хотел отворен е во 2005-та година, има своја приватна марина во случај да посакате да пристигнете по морски пат и место за долетување на хеликоптери, ако сакате да пристигнете по воздушен пат. Има 92 масивни соби, а најгорниот кат резервиран е за оние со сина крв.
Уште 3 хотели на следната страна...