Томатина: За само еден час целиот град станува базен од домати
Најголемата и најпознатата битка со домати – Томатина, го прослави својот 70-ти роденден во родниот град Бунолу со повеќе од 22.000 посетители.
На овој ден во Шпанија пристигнуваат голем број на туристи од бројни земји од светот, меѓу кои: Британија, Индија, Јапонија, Австралија и Кувајт и сите трпеливо чекаат да пристигне времето кога ќе можат да се препуштат на ова неверојатно искуство – „капење“ во домати.
Фестивалот започнува во 10 часот наутро и трае само еден час, пред повторно улиците да стивнат, а за тоа време потрошени се повеќе од 150 тони домати.
Оваа традиција започнала во 1945-та година и оттогаш па навака се случува секоја последна среда од месец август.