Работи кои не треба да ги правите кога сакате да фотографирате на патувања
За сите оние кои не се занимаваат професионално со камера, мора сами да проучуваат, да го испробуваат контрастот, светлото, позицијата – и ако го правите ова, тогаш сте на прав пат.
Некои работи се стекнуваат само со пракса. Па, така само продолжете да истражувате.
Во продолжение ќе ви помогнеме во истражувањата со неколку совети, за тоа како НЕ ТРЕБА да се фотографира.
Погледнете:
Избегнувајте фотографии во затворени простории
Надвор имате многу повеќе светлина отколку во затворена просторија, а со тоа имате и подобар квалитет на сликите.
Не ги оставајте сликите необработени
На професионалците највисока цел им е да создадат фотографија која ќе биде совршена без никакви додатоци. Но, на аматерската рака потребна и е преработка, а тоа верувајте дека може да биде забавна активност.
Не се плашете да направите илјадници фотографии пред да ја направите вистинската
Честопати на апаратот ни изгледа дека сме извадиле добра фотографија, но компјутерот не го покажува истото. Затоа, бидете упорни и правете многу фотографии.
Не се откажувајте! Клучот е во трпението
Ќе направите фотографија од некоја стара улица на пример, но забележувате дека едноставно нешто и недостасува на сликата за да биде целосна. Причекајте, можеби тоа е некој заљубен пар кој ќе помине, велосипед, мајка и дете, птица, било што.... Едноставно бидете трпеливи.