Мистериозниот бунар кој скаменува сè што ќе падне во него
Легендата вели дека оној кој ќе ја допре водата од овој бунар, засекогаш ќе се претвори во камен.
Бунарот се наоѓа во Северен Јоркшир во Англија и со векови тамошните жители верувале дека бунарот е проклет.
Мистериозниот бунар е посебно интересна туристичка атракција изминативе неколку години, па оние авантуристите кои сакаат да се уверат во неговата „магија,“ често оставаат предмети и гледаат како се скаменуваат.
Најстарите записи за бунарот потекнуваат уште од 1538 година, што со векови го прави прекрасна мистерија.
Сепак, постои и научно објаснување за овој феномен. Модерната наука заклучи дека во водата се наоѓаат голем процент на минерали, односно концентрацијата на калцит е превисока, па водата не смее да се пие затоа што создава камена обвивка околу местото на кое ќе капне.