Топ 5 Градови каде забавата не стивнува
Извор на добра забава, места за рекреација и релаксирање, добра храна и пијалаци – Што може да го направи еден град добро место за живеење?
Ако се земат сите фактори предвид, ова се најинтересни градови за живеење во 2015-та година:
1. Мелбурн, Австралија
Добро кафе, одлична храна, жива музика и паркови, не е ни чудно што овој град постојано се наоѓа на листата на градови во кои може најмногу да се ужива.
2. Виена, Австрија
Овој музички град е преполн со гламурозни палати и архитектура, а и места за добра забава.
3. Ванкувер, Британска Колумбија
Овој град уште од 2011-та година останува на листата на градови во кои има најмногу извори за уживање и релаксирање.
4. Торонто, Канада
Торонто има одлични места за посетување, како 553 метри високата зграда CN.
5. Аделаида, Австралија
Овој град е преполн со паркови, плажи и добро вино, но и приказни за духови.
Кои градови се најдоа најдолу на листата?
136. Триполи, Либија
Прекрасните скриени патеки и сокаци не му помогнаа на овој град да се најде повисоко на листата оваа година.
137. Лагос, Нигерија
Пренаселеноста е главна причина поради која овој град се најде најдолу на листата.
138. Порт Морсби, Папуа Нова Гвинеја
Овој град се наоѓа на ова место заради високиот процент на криминал и лошата инфраструктура.
139. Дака, Бангладеш
Дали знаете дека еднаш во Дака сообраќајот бил во застој цели 7 часа? Ова веројатно е една од причините поради кој се наоѓа на претпоследното место на оваа листа.
140. Дамаскус, Сирија
Како резултат на војните во Сирија, овој град се наоѓа на последно место на листата.